Европската Зунина збир на моќници од Запад?

Објавил: Македонка Димкин | 15 декември, 2023 23:36

Како Шолц го извади Орбан на кафе за да помине одлуката за Украина?

Фото/Текст извор: ©Политико

По три часа застој во разговорите на лидерите на Европската Унија за почеток на преговори за членство на Украина во Унијата, германскиот канцелар Олаф Шолц му предложил на унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја напуштат просторијата со зборовите „можеби да испиете кафе надвор“, со цел да продолжи дебатата.

Шолц го изнел таквиот предлог за Орбан пред насобраните колеги на самитот на ЕУ, по што унгарскиот премиер ја напушти салата, отворајќи пат за историската одлука на Унијата да отвори преговори со Украина, пренесува „Политико“.

Германскиот канцелар истакна дека отсуството на Орбан им овозможило на останатите 26 земји членки на Унијата да го одобрат патот за придружување на Украина во блокот, за што е потребна едногласност, а правилата на ЕУ говорат дека е запазена дури и во отсуство на еден лидер.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пак, вели дека следните неколку месеци ќе бидат одлучувачки и за Унгарија и за Европската унија. Според него, на Орбан не смее да му се дозволи да ја држи ЕУ како заложник.

Макрон на крајот од самитот на ЕУ во Брисел им рече на новинарите дека, според него, Орбан бил почитуван за време на разговорите, но дека за возврат мора да ја почитува ЕУ. Макрон додаде дека верува оти Орбан ќе ги надмине вообичаените обрасци и ќе покаже одговорност.

Орбан, пак, порача дека Владата во Будимпешта нема да поддржи нов пакет помош на Европската Унија за Украина сè додека Брисел не ги исплати средствата наменети за Унгарија замрзнати од Европската комисија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...