Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека од СЈО земале пари и Драгица Аврамчева, ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“, која добила 30.000 евра, како и Илија Аврамовски, инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица. На него Јанева му дала неверојатни 59.000 евра.

Објавил: Катерина Крстиќ | 14 декември, 2019 14:08

Како Јаневи станаа едни од најбогатите во Македонија: Катица ги обезбедила роднините па ги богатела другарите на синот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Катица Јанева, под заштита на Зоран Заев, била дел од милионска рекет шема, но и го злоупотребувала буџетот на СЈО за плаќање на роднини и пријатели. Катица Јанева и нејзините блиски може да се вбројат меѓу најбогатите во Македонија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека од СЈО земале пари и Драгица Аврамчева, ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“, која добила 30.000 евра, како и Илија Аврамовски, инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица. На него Јанева му дала неверојатни 59.000 евра.

Октоподот на Заеви пуштил пипци низ целото општество, а дел завршуваат со фамилии блиски до нив. Јанева го вработила својот роднина Вили Јанев, кој од шофер на гевгелискиот суд станал нејзин шофер и затоа му дала 30.000 евра. Јанева на платен список ја ставила и неговата ќерка, Слободанка Вили Јанева – 1.600 евра, која иако подолг период живее во Америка, земала пари од СЈО. Јанева од СЈО одвоила пари и за Вилма Петкова, сестра на нејзината поранешна колешка и претседателката на Судот во Гевгелија, Злата Попова, на која ѝ дала 15.000 евра. Најпознат пример за непотизмот на Јанева е Ѓорге Делиџаков, внук од сестра, кому му дала 28.000 евра. Јанева се погрижила и за Методи Цилков,  сопруг на директорката на Психијатриската болница во Гевгелија, Љуба Цилкова, која ѝ го издаде боледувањето на Катица Јанева. Тој од Јанева добил 26.000 евра, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека од СЈО земале пари и Драгица Аврамчева, ќерка на Кети Аврамчева, директор на ООУ „Владо Кантарџиев“, која добила 30.000 евра, како и Илија Аврамовски, инспектор во МВР Гевгелија, чија сопруга, Јасминка Аврамска, е командир на ПС Богородица. На него Јанева му дала неверојатни 59.000 евра.

Од буџетот на СЈО имало и за Наташа Олумчева, снаа од брат на поранешниот функционер на СДСМ, Саше Олумчев, која земала 15.000 евра. Бидејќи списокот на роднини очигледно го исцрпила таа го плаќала и Ѓорге Тулупов, другар на нејзиниот син Лазар Јанев, кој земал 24.000 евра. Ова се класични злоупотреби на службата и парите на граѓаните. Не само што ги ограбила бизнисмените, таа ги ограбила и граѓаните и од нивните пари плаќала роднини и пријатели. Безредието и апашлукот мора да запрат. Сите незаконски дејанија ќе бидат санкционирани по 12 април, кога ќе се врати правната држава, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со прогласување на кризната состојба државата ке може да ги искористи и приватните субјекти и нивните капацитети за справување со алрамантната ситуација со пожарите во земјава

Управувачкиот комитет побара кризна состојба во следните 30 дена

Безбедносните институции во земјава поради ситуацијата со пожарите сепак  предлагаат...

Бугарскиот претседател Румен Радев остварил разговор со неговиот македонски колега Стево Пендаровски во врска со големиот пожар кај Кочани, соопшти Кабиентот на Радев.

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија испраќа поддршка за Република...

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата...