Свет
Вести
Во американската сојузна држава Калифорнија од петокот е воведена вонредната состојба поради големите шумски пожари кои проголтале бројни објекти на југот од државата.
Пожарот избувна во четвртокот на површина од 1.600 хектари, и го нарекоа „Садлрлиџ“ (Saddleridge Fire).
Источно од Лос Анџелес избувнал друг пожар со кој се борат околу 200 пожарникари, со помош на хеликоптери. Оваа огнена стихија досега уништи 74 објекти, потврди противпожарната служба.
Медиумите јавуваат дека споменатите правци се затворени поради густиот чад, а пожарот се проширил сѐ до северните падини на долината Сан Фернандно.
На северот од Калифорнија, вклучително и кај Сан Франциско, електричната енергија е исклучена превентивно. Без струја во моментов се околу 300.000 луѓе. Експертите велат дека пожарите стануваат поопасни како резултат на климатските промени, нерамномерниот распоред на врнежите во текот на годината и ширењето на населените места.
Експертите укажуваат на неколку причини за почестото избувнување на пожари – од порастот на бројот на населението, не функционалната опрема, па се до климатските промени. Тие велат дека овие пожари се само најава за поголемите кои ќе ги видиме во иднина.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.