Чајот од камилицата со векови се користи при несоница, покачена температура, настинки, болести на желудникот и др. Покрај тоа, може да се употребува при гингивит (воспаление на непцата), апсцес на заби, воспаление на крајници и на грло.

Објавил: Сара Фемина | 28 јануари, 2020 22:44

Камилица – непроценлив домашен лек

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Камилица, боливач или вртипоп е една од најпознатите билки и е присутна во скоро секое домаќинство. Нај лековит дел се нејзините цветови. Камилицата брои околу 100 евроазиски видови, кои го сочинуваат семејството Anthemis во мешовита фамилија. 

И двата имаат жолти и бели светови во облик на диск.

Неколку Anthemis видови се одгледуваат како украсни, особено златната маргарита или жолтата камилица (A. tinctoria). Плевелот со силен мирис (A. cotula) се користи како лек и инсектицид. Чајот од камилица, кој се употребува како тоник или антисептик, а и во билни лекарства, се прави од C. noble или A. nobilis.

Лековитите својства на камилицата доаѓаат од нејзините цветови кои содржат испарливи масла (бисаболол, бисаболол оксиди А и Б, и матрицин), флавоноиди и други терапевтски супстанции.

Камилицата може да се користи:

. како чај при болки во половината и реуматски проблеми
. во кремови за лекување на хемороиди и рани
. за инхалација при настинка и астма
. за намалување на стомачните болки кај децата
. за забрзување на лекувањето при алергии, осип, чиреви и рани на кожата
. како чај за подобрување на варењето на храната, кој се препорачува да се консумира после јадење
. олеснување на утринската мачнина во текот на бременоста
. при гастритис, гадење, надуеност, стомачни проблеми
. за намалување на стресот и релаксација
. при несоница
. смирување на кожата при помали изгореници и изгореници предизвикани од сонцето.

Чајот од камилицата со векови се користи при несоница, покачена температура, настинки, болести на желудникот и др.

Покрај тоа, може да се употребува при гингивит (воспаление на непцата), апсцес на заби, воспаление на крајници и на грло.

При овие состојби се прави гаргара или може да се инхалира пареата од концентриран чај.

Чајот се приготвува така што една филтер ќесичка или една лажичка суви цветови од камилица се преливаат со 2-3 дл. врела вода и се оставаат во поклопен сад за време од 5 до 8 минути. По желба чајот од камилица може да се заслади со мед и да се додаде цеден лимон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Ориз - здрава храна и лек Оризот (Oryza sativa) е по потекло од тропската Азија и е основна храна на повеќе од половина жители во светот. Успева во скоро сите делови на светот, а особено во топлите и влажни предели. Постојат околу 1 000 врсти на ориз. Покрај тоа што оризот се користи за исхрана, тој се употребува и во индустријата, во козметиката и во медицината.

Дали оризот е здрава храна?

Оризот е едногодишно растение, житарка од фамилијата треви што потекнува...

 Името жалфија генерално се однесува на обичната жалфија (Salvia officinalis), но може да се користи и за секој член на овој род. Родот Salvia вклучува близу 700 до 900 видови на грмушки, тревести повеќегодишни растенија и едногодишни растенија со речиси светско распространување. Центарот на диверзитетот и потеклото на овој род по сѐ изгледа дека е Средна и Југозападна Азија. Украсните растенија најчесто се нарекуваат со нивното научно име Salvia.

Еве зошто жалфијата важи за најлековита билка во светот!

Општо познато е дека жалфијата е билка која е погодна за лекување на нарушување на...

Освен што се препорачува во многу диети, сега јаболкото има и друга намена, односно помага во будењето па едноставнозаменете го кафето со едно јаболко наутро.

Овошје кое треба да го јадете наутро- ќе ве разбуди подобро од кафе!

Речиси секој од нас верува во тоа дека првото утринско кафе е пресудно за да се расоните,...