Тој вели дека со тоа што го пријавил случајот сторил голема заслуга за оваа држава. Камчев нагласи дека Јанева била алчна за пари и дека во граѓанска постапка ќе поднел тужби против неа и Бојан Јовановски.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 19:27

Камчев: Катица Јанева беше алчна за пари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Бојан Јовановски и бандата, изјави бизнисменот Орце Камчев по денешното рочиште на случајот „Рекет”.

-Колку и да била болна за некој вистината, јас таа вистина денес ја кажав пред суд. Зошто Лиле Стефанова не ја пријавила кај Љубомир Јовевски ако имало притисок или влијание врз неа како што велеше. Јас да сакав некој да поткупев тоа ќе го сторев на почетокот на процесот, рече Камчев.

Камчев на денешното судење за Рекет истакна дека Катица Јанева била алчна за пари, а сите кои се рекламирале во 1ТВ на некој начин биле рекетирани од Боки 13

Тој вели дека со тоа што го пријавил случајот сторил голема заслуга за оваа држава. Камчев нагласи дека Јанева била алчна за пари и дека во граѓанска постапка ќе поднел тужби против неа и Бојан Јовановски.

Инаку денеска првоосомничениот во случајот Рекет, Боки 13 откако на минатото рочиште во вторникот истакна дека ќе пропее кој всушност е вмешан во случајот денеска ја шокираше јавноста со своето тврдење дека  всушност министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и министерот за здравство Венко Филипче се двајца владини функционери кои биле редовни гости кај Боки 13 дома.

Според ова би се претпоставило дека и таа е вмешана во овој случај, но според исказот на сведокот Орце Камчев министерката не била таква. Камчев се обиде да ја оправда Радмила Шеќеринска и во судот рече дека “таа не е таква”. Камчев сведочеше дека Шеќеринска не била дел од системот за рекетирање, но сепак се отвара прашањето, зошто кога постојано го посетувала домот на Боки и имала состаноци со Катица Јанева а воедно и имала информација дека го рекетираат Орце Камчев, истото сознание не го дала до јавното обвинителство и не го пријавила делото.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Овие мерки се преземаат по добиеното известување од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум, односно над 175 μg/m3 на мерните станици во Карпош и во Лисиче.

Од денеска од 18 часот: Двојно поскапува паркингот во Скопје, јавниот превоз бесплатен

Согласно со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, на барање на Владата и Министерството...

Ако со сигурност не се знае, постои можност причина за трагедијата да била густата магла.

МАЈА ЖИВЕЕ 20 КМ ОД МЕСТОТОТ НА КОЕ ЗАГИНА КОБИ: Маглата може да се „сече“ со нож – не можам да верувам дека ПОЛЕТАЛ на вакво време!

Маја Виличиќ од Сплит со децении работи и живее во Америка, токму на 20 километри од...

Боки 13 се пожали во судот дека неговите родители повеќе не се во можност да му доставуваат храна во притворот додавајќи дека тој не планира да ја конзумира затворската храна и најави дека ќе бара и меѓународна докторска потврда за неговата лоша здравствена состојба.

БОКИ 13: Против мене се води тивка и стихијна ликвидација

Денеска обвинителката Лиле Стефанова, сведочеше за случајот Рекет. Веднаш по завршувањето...

Таа е скандализирана од содржината на пораките во „Јавна Соба“ бидејќи како што вели за „Слободен печат“, не само што ѝ е нарушен угледот, туку и добива еден куп вознемирувачки пораки во приватни пораки.

Жртва на Јавна соба: Јас сум мажена, фотографиите ми ги злоупотребиле – сопругот ме виде на вести!

Дваесет и едногодишната Јелена Мартиновска од Скопје, е една од жртвите во вознемирувачката...