Тој додаде дека „веќе не знае кое Обвинителство го гони и во кој предмет. На неговото барање за изземање како сведок во предметот Меѓународен сојуз реагираше обвинителката Ивана Трајчева.

Објавил: Перо Милчин | 19 март, 2021 6:09

Камчев: На обвинителна клупа треба да се и Катица Јанева и нејзиниот син

Фото/Текст извор: ©r.s.evropa

Бизнисменот Орце Камчев, кој е во притвор и вчера беше спроведен од затворот во Шуто Оризари за да сведочи во предметот „Меѓународен сојуз“, побара да биде изземен како сведок од овој предмет.

„Барам да бидам изземен затоа што во околности кога од Обвинителството и Судот грубо се крши законот и ми се одредува притвор, мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам од корист на обвинителството”, рече Камчев.

Тој додаде дека „веќе не знае кое Обвинителство го гони и во кој предмет. На неговото барање за изземање како сведок во предметот Меѓународен сојуз реагираше обвинителката Ивана Трајчева.

Сведокот е повикан на околноста за тоа колку е запознаен и дали е запознаен со проектите кои требало да бидат реализирани од Меѓународниот сојуз. Притворот во друг предмет нема никаква врска со неговиот исказ и кредибилитет. Таа постапка е сосема различна од таа што се води денеска. Ако смета дека му се прекршени права, таму треба да го изнесе тоа”, рече обвинителката Трајчева, по што испрашувањето на Камчев како сведок продолжи.

Ми беа понудени два проекти од „Меѓународен сојуз“, еден за старски дом и еден за трговски центар. Првично проектите ми беа понудени од Зоран Милевски, Катица Јанева, нејзиниот син и Бојан Јовановски“, рече Камчев и додаде дека „не го прифатил проектот за трговски центар бидејќи проценил дека ќе нема финансиска корист“.

Во однос на старечките домови, Камчев кажа дека Бојан Јовановски му рекол дека „бил излажан од градоначаланикот на Карпош, Стефан Богоев, дека ќе му помогне за наоѓање локација и од тогаш не бил во добар однос со Богоев“.

Пред Камчев сведочеше претседателката на собранието на „Меѓународниот сојуз“, Агапи Дика, која кажа дека сакала да поднесе оставка од функцијата во невладината организација на третото закажано собрание, но тоа не се одржало. Проектите за старски домови, како што рече, никако не се реализирале, но не знае зошто.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“, Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, а Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Новите мерки би важеле од 12 до 18 мај, а се донесени на предлог на Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, намалувањето на бројот на хоспитализирани и бројот на заразени лица!

Нови мерки: Полициски час од полноќ, се отвораат фитнес центрите и теретаните

Утрово на состанок со Комисијата за заразни болести се донесени новите мерки кои ги...

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека нашиот единствен пат е кон Европската Унија, која мора повеќе да се ангажира околку обезбедувањето на нашата иднина бидејќи Зоран Заев не е Македонија туку Македонија е народот кој си има европски вредности.

Мицкоски: Нашата европска иднина е загрозена од секој криминален тендер

Христијан Мицкоски во денешното обраќање во Прилеп посочи дека ја живееме денешната...

Датум, впишан со златни букви во историјата на напредна Европа, како датум за паметење на милионите жртви. Датум за чествување на големото дело на прогресивните сили со кое беше поразено најголемото зло - фашизмот, кој по Втората светска војна зад себе остави ужас и рушевини на нашиот континент и во светот.

Нашиот природен дом е Европската Унија меѓу просперитетните европски нации

Денеска одбележуваме еден голем датум за два крупни настани во историјата на Европа...