Откако "ортачеше" со Мијалков и ВМРО - ДПМНЕ, по судските постапки од СЈО, Камчев одлучи дека е време да се врати "дома", во СДСМ, рамо до рамо со Шекеринска, како пред 25 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 9:29

Камчев се скара со Мијалков, ќе гласал со “за” на референдумот

Фото/Текст извор: ©фактор.мк

И Камчев политички “сончоглед”, “со кој и да си – на власт да си”, цитат на Амди Барјам.

Познатиот македонски тајкун Орце Камчев, кој важеше за близок до претходната влада на ВМРО – ДПМНЕ и беше сопственик на поранешната медиумска империја „Медиа Принт Македонија – МПМ“, за Фактор изјави дека тој го поддржува Договорот од Преспа и лично се залагал да помине референдумот.

Јас лично сум “ЗА” договорот со Грција, како и бев и “ЗА” Договорот со Бугарија. Јас сум европски и светски човек и сакам Македонија да биде дел од таа структура. Сакам да живеам во Република Македонија различна од таа што е денеска, сакам да бидеме членка на НАТО и ќе направам се што е во моја можност, кажа Камчев.

Камчев додаде дека референдумот мора да биде успешен.

Јас лично ќе се залагам да пројде тој референдум, изјави Камчев.

Во интервјуто, познатиот тајкун изјави дека повеќе не е близок со Сашо Мијалков.

Точно е дека бевме пријатели, повеќе не сме пријатели, а причините се различни во однос на тоа што се шпекулациите, но тоа останува меѓу нас двајцата, изјави Камчев.

*Јордан Камчев е македонски стопанственик и претседател на Фондацијата “Илија Камчев”. 

Дипломиран економист кој раководи со семејното претпријатие “Орка Холдинг” заедно со својата сестра и мајка а од 1990 година е и извршен директор на претпријатието за трговија со спортска опрема и производи на текстил “Орка Ц.О.” 

Камчев важеше за најдобар пријател на Сашо Мијалков, со кој имаа и приватни и деловни соработки. Пријателството го прекинаа со активирањето на судските процеси на СЈО против Мијалков. Ова е именувањето на Камчев за потпретседател на СДММ. На фотографијата од лево кон десно: Рамила Шекеринска, претседател на СДММ, Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ и премиер на Влада на Македонија и Јордан Камчев, потпретседател на СДММ.

Во 90-тите години Камчев е потпредседател на подмладокот на СДСМ чиј претседател е Рамила Шекеринска. На изборите во 1998 година тој е кандидат за пратеник на СДСМ. Во 2003 година излегува од партијата.

Во истиот период неговиот татко Илија е високо позициониран во ВМРО – ДПМНЕ.

Камчев е сопственик на:

Орка Холдинг а.д. Скопје, Орка Спорт, Интерспорт, КБ Аџибадем Систина, Систина Нефроплус, Монт, Хотел Ибис Скопје Центар, Сушико, Медија Принт Македонија, Графички Центар Скопје, ЗК Пелагонија, Стопанска Банка а.д. Битола, Здравје Радово, Жито Полог а.д. Тетово, Бетон-Штип а.д. Штип.

Со ова угледниот магазин “Форбс” за 2016 година го прогласува Камчев за набогатиот македонец за кој се смета дека вреди 22.8 милиони евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести