Изворите тврдат дека голем број на обвинители дури и ги изнесувале аудио бомбите и си ги носеле дома за, како што објаснувале, во мирна атмосфера да работат на нив.

Објавил: Сара Фемина | 25 септември, 2019 15:22

ПУКНА НОВА БОМБА- СЈО ВО КАЛ ДО ГУША „Обвинители изнесувале аудио бомби ги носеле дома во мирна атмосфера да работат на нив„

Фото/Текст извор: ©канал 5

Во СЈО со години со дозвола на шефицата Катица Јанева, се работело речиси без да се запазат безбедносните протоколи, тврдат за Канал 5 извори во институцијата.

Според безбедносниот правилник на СЈО, секој обвинител или истражител, кој имал потреба да подигне одреден доказ, пишан или особено аудио доказ од т.н. бомба, задолжително морал да пополни и архивира формулар на кој ќе биде назначено името на лицето кое го подига доказот, како и денот и часот на ова дејание, но имало многу случаи во кои ова не се почитувало.

Вработените во СЈО едноставно во секој момент можеле да ги преслушуваат бомбите од било кој компјутер, пишува Канал 5.

Истата процедура морала да биде запазена и кога се враќал доказот во депото односно архивата на СЈО. Информацијата на нашите извори вели дека оваа операција не се почитувала, односно за многу од материјалите не постои пишан траг кој и кога подигнал бомби за одреден предмет.
Дополнително, безбедносниот протокол предвидувал забрана за вмрежување на компјутерите во СЈО, пред се за да се избегне протекување на бомбите, истовремено вработените неовластено да вршат увид во работата на своите колеги.

Но и оваа безбедносна мерка воопшто не била почитувана, односно само мал број на компјутери не биле вмрежени, како што е оној во архивата.
Изворите тврдат дека голем број на обвинители дури и ги изнесувале аудио бомбите и си ги носеле дома за како што објаснувале, во мирна атмосфера да работат на нив.
На крај, во моментот кога беше детонирана аферата Рекет, лично Катица Јанева барала да се бришат форензички голем дел од компјутерите, што веќе е и познато на јавноста..
Но Јанева, според нашите извори не застанала тука.. Барала со помош на антидатирање, да се подготват приемни формулари, за наводна запазеност на безбедносниот протокол, при што сите вклучени обвинители и истражители, требале да се потпишат и лажно да потврдат дека во 2015, 2016 земале документи и аудуо “бомби” за обработка, што претставува сериозно кривично дело. Нашите извори тврдат дека само екстремно мал број на вработени се согласиле на ова, додека поголемиот дел одбиле.

Канал 5 контактираше со прес службата и дел од поранешните обвинители во СЈО. Тие тврдат дека лично Катица Јанева ги делела бомбите по претходно направен распоред по обвинители и истражители, но уверуваат дека можностите за злоупотреби биле речиси невозможни.. Потврдуваат дека компјутерите биле вмрежени, но достапни биле само материјалните докази, но не и бомбите кои се чувале под посебен режим..

Од СЈО официјално остануваат на ставот дека се почитувале безбедносните протоколи, но засега нема начин како да се утврди вистината, со оглед дека станува збор за податоци недостапни за медиумите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од МВР и официјално ја потврдија информацијата. Оттаму велат дека денеска околу 14 часот во водите на Преспанското Езеро нуркачкиот тим од Единицата за специјални задачи при Бирото за јавна безбедност на МВР го пронајдоа безживотното тело на шеснаесет годишното момче од Ресен. По насоки на Јавен обвинител телото ќе биде дадено на обдукција.

Пронајдено телото на удавеното 16 годишно момче во Претор

По два дена трагање по телото на момчето кое трагично загина на 2-ри август во Претор,...

Станува збор за 23-годишната студентка Артина Ќазими од гостиварски Добри Дол кандидатка на Алијанса за Албанците и Алтернатива на листа во изборна единица 6.

Студентката Артина Ќазими е најмладата пратеничка во македонското собрание!

На денешната конститутивна седница, со 116 гласа „за“, без ниту еден воздржан, ниту...

За претседател на Комисијата на предлог на Џафери беше избрана пратеничката Јагода Шахпаска, а за членови пратениците Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковска и Сафие Садики Шакини.

Верифицирани мандатите на новите пратеници- Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

На денешната конститутивна седница во Собранието, присуствуваа 117 од вкупно 120пратеници,...

Како последица на тоа, тој предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа што може да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да поткопа децениски напредок и да ги влоши вкоренетите нееднаквости”.

Гутереш: Пандемијата доведе до најголемо нарушување на образованието во историјата

Денеска Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации рече дека оваа...