Кантарионот се покажа како исклучително успешен во лекување на многубројни психички заболувања, од депресија до трауми, а утврдено е и дека има помалку несакани дејствија од другите антидепресиви.
Kантарионот се користи како антидепресив, седатив и антибиотик, се користи надворешно и внатрешно. Активна супстанца е хиперфлорин.
Екстрактот од кантарион ја зголемува концентрацијата неуротрансмитера седатив и на адреналин во синапсите.
Чајот од кантарион се пие три пати на ден против гастрит, чир на желудникот, дијареа, жолтица, главоболка, бубрежни и менструални тегоби.
Маслото од кантарион (Oleum hyperici) e најшироко познато и се користи за ублажување и лечење на изгореници. Се добива со преливање на свежи цветови на кантарионот со маслиново масло. Кантарионовото масло се користи за надворешна употреба и за јадење. Освен тоа може да ја штити кожата од воспалениe, помага и ја негува сувата и испуканата кожа и може да се употребува и за масажа преку опуштање на мускулите и помага кај слабата циркулација.
Маслото од кантарион не треба да се користи за заштита од сонце, бидејќи е фотосензитивно и може да предизвика промени на кожата, но при изгореници истото може да биде користено.
При истражувања спроведени во 2015 година во врска со антидепресивното дејство на кантарионот, било утврдено дека не е ефективен како други антидепресиви, и дека лекувањето од депресија со кантарион се должи на плацебо ефектот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.