Во обвинувањата други за предавници секогаш треба да се покажат приниципи

Објавил: Узунов Бобан | 12 јануари, 2019 8:46

Канческа не била предавник ? Дали ќе одбие било каква амнестија ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Елизабета Канческа-Милевска истакна дека таа и другите пратеници не се чувстувале прдавници во ниту еден момент. Јавноста легитимно поставува две прашања на кои треба да дадат одговор таа и другите седум пратеници.


Прво, дали таа ќе отфрли било каква амнестија или прекин на кривичното гонење против неа во било каква форма за да ја убеди јавноста дека гласала по убедување а не поради пазарење. И зошто пратениците обвинети за 27 април поднесоа барање за амнестија, ако не убедуваат дека гласале за нашата европска иднина, а не се пазареле. 

И второ но не помалку важно, ако Заев не ги прифатил нивните амандмани, поконкретно амадманот со кој тие барале Северна Македонија да биде само за меѓународна употреба, зошто го поддржале преименувањето во Северна Македонија за севкуна употреба ?

Порталот joci.mk објави информација дека пратеничката Елизабета Канческа заедно со пратеникот Артан Груби (ДУИ) биле на кафе средба во адвокатската канцеларија на Никола Тодоров, во населбата Капиштец. И Канческа и Тодоров, во последниов период, се едни од главните медиумски промотори на уставните измени. Како се гласа по приниципи и убедување

Амандманот на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се однесува називот Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Пратениците не го изгласаа.

Затоа што се испазариле да укинат колективни права за лични интереси.  


Заев ќе го води сенка дека велеше дека никогаш нема да го смени Уставот, но и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја следи сенка поради нејзиниот став да биде нем набљудувач и со лажен патриотизам да се служи и да не учествува во овој историски момент. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најпогрешен пат кон ова историско прашање за нашата држава. Со нејзиното неучество ги потврди лажната политика и лажниот патриотизам“, рече таа.

За барањето виновници во други за сопствените пазарења и интереси, народот има една мудра изрека: Ем шуто ем боде. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести