
Македонија
Вести
Обвинителот од судија на претходна постапка барал Асмир Јаховски да не оди во притвор во „Шутка” туку во домашен. Судот го прифатил ваквото барање, а им определил мерка ефективен притвор на Ратко Капушевски, Ерџан Сулкоски и Адријан Муча.
Од судот ја објавија одлуката на судијата:
По прoизнесување на Јавниот обвинител и осомничените во присуство на нивни бранители, во однос на предложените мерки, како и ценење на приложените факти, го прифати предлогот на Јавниот обвинител со кој на Р.К., А.М. и Е.С. им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоци. Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка.
За останатите 7 осомничени кои беа спроведени во судот, судијата го прифатил предлогот на Јавниот обвинител и донел решени за определување на мерки за претпазливост.
Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.