Професорката Каракамишева со апел до претседателот Иваноц

Објавил: Узунов Бобан | 10 мај, 2019 10:29

Каракамишева до Иванов: Амнестирај ги осудените за тероризам од 27 април, а ВМРО да побара меѓународна истрага

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорката на правниот факултет, Тања Каракамишева преку фејсбук статус вчера јавно го повика претседателот Ѓорге Иванов пред заминување да даде амнестија за осудените за 27 април. 

Во денешен фејсбук статус пак проф. Каракамишева се обрати до ВМРО-ДПМНЕ и обвинителката Рускоска: Не можам да му се изначудам на ВМРО-ДПМНЕ зошто не бара меѓународна истрага или вклученост на врвни искусни меѓународни обвинители во постапката за 27. април?
Како може да и се дозволува на Рускоска непречено блатарање на јавна сцена и изживување врз многу луѓе со нејзините констатации дека ПОБЕДНИЧКА партија на избори може да биде терористичка организација????
Легитимно избрана, победничка партија НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ТЕРОРИСТИЧКА, госпоѓо Рускоска!
Терористи барајте на други места!

„Претседателе Иванов, имате уште два дена да ја исправите историската неправда кон уставобранителите. Имате полно уставно и законско право да ги ПОМИЛУВАТЕ. Вашето евентуално ново помилување, како и сите до сега извршени помилувања кои Вие под притисок на меѓународниот фактор ги повлековте, согласно меѓународното кривично право се неотповикливи и апсолутни. И Вие и сите правници знаат ДЕКА ЕДНАШ ДАДЕНО ПОМИЛУВАЊЕ Е ЗАСЕКОГАШ ДАДЕНО ПОМИЛУВАЊЕ! НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОВЛЕЧЕНО, НИТУ ПОНИШТЕНО ДАДЕНОТО ПОМИЛУВАЊЕ! Неправедно ОСУДЕНИТЕ за тероризам, Македонските патриоти ЗАСЛУЖУВААТ ВИСТИНСКА ПРАВДА!“, напиша Каракамишева.

Наспроти повикот на професорката, многумина правници, вклучувајќи ја и кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, тврдат дека претседателот го нема дискреционото право да помилува. Според правниците членот 11 од Законот за помилување, кој му го даваше ова право на претседателот, е мртов член, откако беше избришан со измени во Законот изгласани во Собранието. 

Други размислувања од одредени експерти е дека од распишувањето на претседателските избори на 8 февруари, претседателот Иванов ја извршува функцијата технички и не може да носи никакви одлуки. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести