Прогноза или вистина

Објавил: Узунов Бобан | 11 јули, 2019 10:41

Каракамишева: Заев ќе исплаќа цела бруто плата на сметка на секој буџетар !

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорката Тања Каракамишева објави на својот фејсбук профил дека Зоран Заев инсистирал да го превземе водењето на министерството за финансии поради неговата намера да исплати цела бруто плата на буџетарите на сметка за да го исполни ветувањето од 500 евра плата. 

ЗЗ се надева дека ќе се спаси од секојдневните бламови и глупости што ги прави со мерките што на големо ги крчка во Министерството за финансии. Затоа беше и неговото тепање да го преземе кормилото на финансиите.

Идејата што на големо ја реализира во моментов ЗЗ не му се допаднала на Тевдовски и неговиот тим поради што тој морал демонстративно да ја напушти Владата. Неофицијално, караниците меѓу Тевдо и ЗЗ биле големи поради несогласувањата околу имплементацијата на “проектот на ЗЗ”.

Планот на ЗЗ е предизборно да се впушти во голема операција на субвенционирање на придонесите на буџетарите за 2 месеца со што практично има за цел да прикаже во јавноста дека не лажел за ветувањето 500 евра плата.

Во што се состои измамата?

Планот е на секој буџетар бруто платата да му се исплати директно на сметка.

Пример, ако еден буџетар има нето 250 евра плата по новините на ЗЗ ќе му биде исплатена целата бруто плата што стигнува до 500 евра.

Предизборно таа бруто плата ќе му остане цела за трошење бидејќи државата ќе му ги субвенционира придонесите првиот, а може и вториот месец. На овој начин ЗЗ планира да ќари гласови за избори со цел повторно да победи.

Но, каде лежи заблудата и измамата во концептов.

Ќе завршат изборите и ќе престанат субвенциите.

Секој од нас ќе.треба сам да си уплаќа придонеси што значи повторно ќе дојдеме до истата нето плата што сме ја земале и претходно.

Голем дел од луѓето ќе се залажат дека можеби и нема потреба да плаќаат се, дека се на пример млади да мислат на пензија, или дека нема потреба да плаќаат здравствено кога ако се разболат одат на приватно лечење.

Пристапов за кратко ќе ги срози и онака кревките фондови за пензиско и здравствено осигурување кои пак се единствената потпора врз која се крепат ранливите категории на граѓани.

Концептов сами плаќајте си ги придонесите е копија на УСА моделот кој го доведе американското јавно здравство во целосен колапс.

И кај нас тоа е идејата, да се срушат државниот здравствен и пензиски фонд и се да се приватизира по моделот на првата и најголема транзициска кражба на општествениот капитал што ја направи Бранко Црвенковски.

Целава акција се чува во тајност и никој нема храброст да објасни кој е дилот што ЗЗ го има направено со фармацевтските и здравствени тајкуни во однос на оваа втора голема приватизација што ја крчка СДС, бидејќи позадински план со нив ЗЗ има.

Едно е сигурно дека граѓаните повторно ќе бидат насамарени, некои од нив полакомени од концептов нема ни да приметат дека пак ќе бидат извозени и на крај оставени со прстот во уста.

Најсиромашните слоеви од граѓаните ќе бидат и најмногу погодени бидејќи нивните примања не се доволни ниту за еден болнички ден во приватните клиники а камоли за нешто повеќе. Да не зборуваме за плаќање на скапи лекови кои по овој концепт нема да има пари да бидат партиципирани од државата.

Тевдовски бил целосно во право кога се спротивставил на концептов. Истиот е во директна спротивност со Уставот и со дефиницијата дека Република Македонија е социјална држава.

Каде е социјалниот карактер на државата, во што го гледаат социјалниот карактер после овој евентуален упад и крах на системот ќе треба да одговорат социјалдемократите. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Во Зелениково се чувствува доаѓањето на есента, па ноќите се многу ладни. Во Шутка како е, ви пушта ли Еско ноќе некакво греење? Имам, од времето додека одев на лов, топла вреќа за спиење, ако не да ти ја испратам преку Фрчковска.

Пандов: Катице те местат, отвори си ја душата, олесни си се, збриши ги Заев и Шеќеринска

Мила моја Кате. Овие се тие денови во кои го сфаќаш значењето на зборовите: „Годината...

За Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинителството свесно го прекинал распитот на Боки 13 со цел да се прикријат вистинските нарачатели на милионскиот рекет.

Боки 13 ќе се брани со молчење додека не ги види доказите против него во случајот „Рекет“

Обвинителството ја завршило истрагата за случајот Рекет. Вакво известување добил...

За порталот Фактор обвинители од СЈО, потврдуваат дека во канцеларијата на Јанева  има слики, плакати, саксии за цвеќе, но имало и пијалоци и десерти  но се уште не е познато како тие би биле земени од канцеларијата која според информации на Фактор, моментално е затворена, а СЈО работи формално, односно државниот јавен обвинител Љубомир Јовески даде наредба обвинителите да одат на работа за да ги чуваат предметите.

Иднината на Катица во рацете на Рускоска- таа ќе одлучува за подароците и парите на Јанева

Разрешената специјална јавна обвинителка која во моментот се наоѓа во притвор во затворот...