Катица е лекција за сите послушници на власта.

Објавил: Перо Милчин | 24 јули, 2019 7:16

КАРАКАМИШЕВА: “Катица Јанева од “ИНСТИТУЦИЈА” постана крпа за бришење под„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Премиерот Зоран Заев пред неколку месеци сметаше дека поставеноста законска уреденост на Специјалното јавно обвинителство беше добра и дека неговата инкорпорирање во редовното обвинителство ќе значи дека ќе ја гони и сегашната власт.

На прашањето дали беше подготвен да ја смени Катица Јанева, тој одговараше дека тоа не можело да се случи во никој случај, бидејќи тоа за него било институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, истражители и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која почна да се враќа во Македонија, велеше премиерот Зоран Заев.

На овие зборови на социјалните мрежи го потсети професорката по уставно право, Тања Каракамишева, во која како што вели дека Катица од институција, како што ја нарече премиерот постана крпа за бришење под!

Како од “институција” се станува крпа за бришење под?
Се сеќавате на изјавата на Катица дадена пред 3 години дека “не ги признава институциите на системот” и дека само таа е легитимна во државата?
Катица е лекција за сите послушници на власта.
Одлична лекција за Вилма!

Пред неколку денови премиерот Заев, изгледа се премисли за кажаното и во една од неговите изјави за случајот „Рекет„ рече дека законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кој се работи. 

Законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кој се работи. Во случајот веќе има двајца осомничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот. Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политичкки шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвирана во овој процес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...

Распоредот на кандидатите на гласачкото ливче со жрепка беше утврден вчера на седница на ДИК, а поради актуелната ситуација со ковид-19, не беа присутни претставниците од политичките партии, коалициите и групите избирачи.

Во тек подготовките за изборите, од понеделник почнува изборната кампања

Откако Државната изборна комисија (ДИК) го утврди редоследот на учесниците на локалните...

Под градежно вештачење се подразбира вештачење на материјалите од кои е изградена болницата според проектот, нивните хемиски својства и дали истите се според пропишаните стандарди, вели професорот и архитект Мишко Ралев.

ОЈО: НАЛОГ ЗА ГАРДЕЖНО ВЕШТАЧЕЊЕ НА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО

Технолошкиот факултет се вклучува во истрагата за опожарената модуларна болница во...