Брзото менување на изборните правила, без политички консензус, на кој толку многу инсистираа кога беа во опозиција, може да биде само во полза на Заев.

Објавил: Сара Фемина | 8 ноември, 2019 14:56

КАРАКАМИШЕВА СО ЖЕЛБИ ЗА ИЗБОРИТЕ: Колку поголем хаос на изборите толку подобро за ЗАЕВ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев вчера изјави дека предлогот за една изборна единица ќе се донесе со консензус. 

Премиерот вели дека ако дојде до гласање во парламентот, се надева дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално СДСМ ќе гласа за измена на изборниот модел. 

– Се надевам дека предлогот за една изборна единица ќе се донесе со консензус. Ние немаме како поинаку, ние ветивме, дадовме збор на граѓаните уште во кампањата во 2016. Ние веруваме во тоа. Веруваме и покрај тоа што знаеме дека големите партии губат, но добива демократијата. Ако дојде до гласање во парламентот јас се надевам дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално СДСМ ќе гласа за измена на изборниот модел. Државната изборна комисија е подготвена, институциите се подготвени. Мислам дека има и Бадентерово мнозинство, не сум сигурен. Има 23 Албанци во парламентот а ДУИ има 10, каде се другите помалкубројни заедници. Ќе видиме на гласањето, се надевам дека ќе успее, а ако не успее ќе направи притисок за следниот пат за исчекор кон нов изборен модел – изјави Заев.

Додека пак Артан Груби  изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кој не се предвидува промена на изборниот модел.

– Вчерашната средба, беше неформална средба на ентузијасти. Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел – изјави Груби.

Професорката Тања Каракамишева после изјавата на Заев реагираше на социјалните мрежи, во која напиша дека брзото менување на изборните правила, без политички консензус, може да биде само во полза на Заев.

Колку поголем хаос на изборите толку подобро за Заев.
Брзото менување на изборните правила, без политички консензус, на кој толку многу инсистираа кога беа во опозиција, може да биде само во полза на Заев…вообичаено, давеникот се фаќа за сите сламки што му останаа на располагање, пишува Каракамишева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Пендаровски на средбата со Макрон ќе има можност директно од него да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата методологија на преговарање.

Пендаровски агрументите ќе ги стави пред Макрон – ќе успее ли нашиот претседател да ја убеди Франција дека згреши во одлуката?

Стево Пендаровски денеска ќе има средба со шефот на француската држава Емануел Макрон. Пендаровски...

„Мал Шенген“ е иницијатива што ветува, изјави вчера во Женева специјалниот претставник на САД за Балканот, Метју Палмер.

Мафијашите се во нашите редови- судиите се заштитени криминалци

Европскиот воз оди на спореден колосек. Дали во Скопје пристигнува евроскептицизмот? Зошто...

Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека долгот на општина Охрид, која12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари.

Георгиески на трибина: Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, ни оставија блокирана сметка

Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана...

-Во 2014та кога бевме побарани за кандидати ни беше поставено прашањето дали сме спремни да гласаме за промена на името. Тоа беше услов. Јас одговорив потврдно, рече Исмајлоска.

ПРОДОЛЖУВА ПРИТИСОКОТ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ: Исмајлоска и Рангелова со трагокомични изјави(ВИДЕО)

По гласањето, ја интензивирав комуникацијата со Нола, зошто сметав дека немавме искрен...