Како што објави престижниот бугарски медиум, Македонија не го почитува договорот за добрососедство со Бугарија, иако е многу помек отколку договорот меѓу земјава и Грција. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 септември, 2020 11:14

Каракачанов: Бугарија ќе се спротистави на меѓувладината конференција на Северна Македонија и ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за ТВ Европа, изјавил дека Бугарија нема што да менува во својата политика и дека ќе се спротивстави на закажувањето на првата меѓувладина конференција, пренесе БГНЕС.

„Бугарија треба да се спротивстави на првата меѓувладина конференција, ако се придржува кон националните и европските интереси. Пред неколку дена Драги Ѓоргиев, копретседавач на Мешовитата комисија за историја се однесуваше грубо. Овие луѓе немаат намера да водат искрен дијалог со Бугарија. Тие мислат дека можат да ги прикријат работите. Тие замислуваат дека некој во Брисел или низ целиот свет ќе ја притисне Бугарија и ние ќе клекнеме. Очигледно, тие не разбраа што е ЕУ и како работи. Имаа три години да се превоспитаат“, изјавил Каракачанов.

Како што објави престижниот бугарски медиум, Македонија не го почитува договорот за добрососедство со Бугарија, иако е многу помек отколку договорот меѓу земјава и Грција. 

„Бугарската влада разви своја рамковна позиција, која беше одобрена од парламентот. Бугарската дипломатија се придржува до позицијата на владата и парламентот. Во оваа фаза, јас не гледам таква желба од страна на нашата дипломатија да го заобиколиме овој документ. Бугарија нема да се спротивстави, но ќе каже дека не е време да се закаже датум за одржување на првата меѓувладина конференција. Кога некој не е подготвен да се појави во прво одделение, има предучилишна подготовка. Јас во моментов зборувам во име на владата“, вели Каракачанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Целта на овој Јавен повик е поддршка на иновативни решенија за локалните проблеми со кои се соочуваат општините.

ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕН ЈАВНИОТ ПОВИК „ЕУ ЗА ОПШТИНИТЕ – ПОДОБРУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ОПШТИНСКИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНОВАТИВНИ КОНЦЕПТИ”

Градоначалникот Шилегов, кој е и претседател на ЗЕЛС, денеска преку Zoom апликацијата...

Јас ќе кажам и ќе оставам на министерот за здравство да дообјасни, Владата ја слуша комплетно Комисијата за здравствена заштита и министерот Венко Филипче кој што работат, ако тие предложат ние ќе постапиме.

Заев: Го повикувам Мицкоски да не го доведува во опасност јавното здравје

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања по одржаната седница на Советот за...

Со цел да истраеме, ве замолувам да држите дистанца, редовно да носите маска и да одбегнувате дружби и семејни собири. Ве молам, направете го тоа за себе и за своите најблиски.

Пендаровски: Состојбата со пандемијата не се подобрува

Засега нема потреба од иницирање на нова вонредна состојба, бидејќи тоа нема многу...

ако што рече Филипче по завршувањето на состанокот на Советот за безбедност на претседателот Стево Пендаровски, здравствената состојба на Спасовски е стабилна, тој има покачена температура, но нема сериозни проблеми.

Министерот Спасовски е хоспитализиран, потврди Филипче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е хоспитализиран од вчера, потврди...