
Македонија
Вести
Бугарија е земја која секогаш и помагала на Македонија, ние први ги признавме, финансиски помагавме, помагавме и воено за време на југословенското ембарго, очекувавме колегијален став, а добивме игри зад сцената„ изјави за БНТ вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
Според него, бугарското „НЕ“ на преговори на ЕУ со Македонија сепак не е конечно.
Каракачанов истакнува и дека историјата е точна наука и за неа не треба да се има, како што вели тој, повеќеслоен став, пренесе 24.мк!
Тој прашува, ако Македонците утре се наречат марсовци, дали и Цар Самоил ќе биде од Марс?
Бугарскиот вицепремиер даде и свое мислење за преименувањето на Денот на словенските просветители, вели дека азбуката е создадена во бугарските земји, во земјите на бугарските кралеви и дека Бугарија им ја дала на другите Словени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.