Омилениот министер на Борисов и колега на Шекеринска смета дека сме нација измислени од Коминтерната во 1932-ра година

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 7:27

Каракачанов на ниво на Заев: “Македонската нација е формирана во 30-тите години на минатиот век”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов застана во одбрана на европратеникот од бугарските конзервативци Ангел Џамбаски и при тоа повторно истакна дека македонската нација е формирана во 30-тите години на минатиот век.

Џамбаски навлезе во политички препукувања со Бугарската социјалистичка партија откако изјави дека дека сите бугарски социјалисти се за стрелање.

Претседателката на БСП Корнелија Нинова испрати протестно писмо до претседателот на Европскиот парламент повикувајќи го да се огради од изјавите на бугарскиот европратеник.

Каракачанов пак и порача дека таа и нејзината партија треба да му се извинат на народот во Бугарија за колосалното како што рече предавство.

“Се додека Нинова и нејзините сопартијци не им се извинат на бугарските граѓани за нивното колосално предавство и создавањето на македонската нација какви глупости и да збори за темата Македонија за мене немаат никакво значење.” – рече Каракачанов.

Тој додаде на тоа дека Бугарската комунистичка партија извршила предавство со тоа насилно го принудувала населението во Благоевград да се декларира како македонско.

“Тие историски факти Џамбаски ги нарече национално предавство и рече дека оние кои го сториле тоа заслужуваат да бидат стрелани. Тој зборуваше за луѓе кои не се повеќе меѓу живите. Џамбаски е целосно во право бидејќи македонската нација беше измислена за време на Коминтерната во 1932 година.” – рече Каракачанов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави Пресинг ТВ, град Скопје склучил договор за набавка на  еден литар лозова ракија и коцки мраз во вредност од 450 денари.

Шилегов купил еден литар ракија и коцки мраз со народни пари

Граѓаните револтирани ја примија веста дека скопскиот градоначалник Петре Шилегов...

Гратскиот татко истакна дека откако дојде СДСМ на власт конечно започнаа да се решаваат проблемите кои долги години биле ставани под тепих.

Шилегов: Ми викаат многу работиш ама не знаеш да се фалиш!

На денешниот завршен настан од караванот на СДСМ, наречен „На прав пат“ градоначалникот...

Министерот за внатрешни работи истакна дека во моментот е насочен надруги работи а таа одлука ќе ја донесе СДСМ и треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

Спасовски: За мене е поважен интегритетот на граѓаните отколку дали ќе бидам технички премиер!

“За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како...