Каракачанов со порака до Заев: Немој да мислите дека Бугарија ќе ве поддржи утре за членство во НАТО и во ЕУ, старите финти не поминуваат веќе.
Потпретседателот на бугарската Влада и министер за одбрана Красимир Каракачанов, реагираше на изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека Македонците и македонскиот јазик ќе бидат признати како посебни со влезот на Македонија во Европска унија.
“Не верувам дека сегашните политичари се разликуваат по нешто од старите. Се надевам дека ќе имаат повеќе разум и ако си мислат дека со старите финти – прво да зборуваат едно во Софија, едно во Брисел, а друго во Скопје и да си мислат дека финтата ќе им помине – тоа нема да се случи.
Ако си мислат дека Бугарија ќе ги поддржи утре за членство во НАТО и во ЕУ и тие да си ги прават старите финти, тоа исто така нема да се случи. Процесот на воведување на бугарско самосознание во Македонија е неповратен. Нашата цел е да ја натераме македонската Влада да се однесува според европските норми и правила и да ги почитува.” – изјави Каракачанов.
Претходно и претседателот на Бугарија, Радев и премиерот Борисов постигнаа национален консензус дека во ЕУ и НАТО нема да поддржат влез на држава со име Македонија, при што ако помине референдумот, таа ќе е држава на Северномакедонци кои говорат западнобугарски дијалект но никаков непосточеки самонаречен Македонски јазик.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.