Тој има добра волја, но јас мислам дека кај тие што го испраќаат нема добра волја. Зашто за 3,5 години не направија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. А тоа нема да се случи.

Објавил: Перо Милчин | 12 јануари, 2021 7:31

Каракачанов пред средбата со Бучковски: Тој има добра волја, но оние кои го испраќаат немаат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов во изјава за медиумите вчера ја најави средбата со пратеникот на македонската Влада, Владо Бучковски и истовремено изнесе серија обвинувања за Македонија, порачувајќи да не се надева на компромис од бугарска страна.

„Бугарија има јасна позиција и крајно време е Скопје да ги чита одлуките на бугарскиот Парламент. Бучковски е добронамерен човек со политичко искуство, и не случајно е избран за таков преговарач, посредник, но мислам дека властите во Скопје го користат. Едноставно го користат за да се демонстрира добра волја.

Тој има добра волја, но јас мислам дека кај тие што го испраќаат нема добра волја. Зашто за 3,5 години не направија ништо и сега се надеваат на компромис од бугарска страна. А тоа нема да се случи.

Сѐ додека отвориш учебник по историја во Северна Македонија и во него пишува дека ние Бугарите сме окупатори, фашисти, татари, разговор не може да има. Така мислам јас“, изјави Каракачанов.

Министерството за надворешни работи вчера попладне потврди дека Специјалниот претставник за дијалогот со Бугарија, Владо Бучковски ќе оди во посета на Софија, каде е планирано да оствари средба со претставниците на Република Бугарија на повеќе нивоа.

„Остануваме на позицијата дека треба да се искористат сите можности за изнаоѓање соодветно, взаемно решение за билатералните разлики по различни прашања со соседна Бугарија, како и за враќање на довербата во ефикасноста и успешноста на Договорот за пријателство од 2017 година“, велат од македонското МНР.

Оттука потсетуваат дека при крајот на годината, доставиле Акциски план за имплементација на Договорот за пријателство од 2017 година, за што во разговор меѓу министрите за надворешни работи Османи и Захариева било договорено да бидат разменети забелешки, мислења и соодветни предлози.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Тој исто така потенцираше дека случајот „Рекет“ е јасна последица од огромниот пораст на корупцијата во земјата и додаде дека таквата состојба единствено може да се реши со јасна политичка волја односно дека криминалците мора да одговараат.

Николоски: Со случајот „Рекет“ се покажа дека само небото е граница за корупција во Македонија

Потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на „Радио Лидер“...

Барањата за екстрадиција, како што додава, се постапки со странски држави кои секогаш го имаат последниот збор во поглед на екстрадицијата.

МАРИЧИЌ: Не се откажуваме од екстрадиција на Груевски, до пролет и 10 судници за онлајн судења

До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување...

Тоа го објави на својот Фејсбук откако Заев му се заблагодари за подготвеноста да помогне во набавката на вакцините, пренесува БТА.

Борисов му порача на Заев: Бугарија е секогаш подготвена да им помогне на своите најблиски пријатели и соседи

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денес објави дека му порачал на македонскиот премиер...