Тие се надеваат дека премиерот Борис Џонсон ќе се откаже од новите ограничувања што се воведуваат со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 септември, 2020 23:37

Карантинот може да убие 75.000 луѓе, многу повеќе од КОРОНА: Научниците објавија застрашувачки извештај!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Речиси 75.000 луѓе може да умрат од болести кои не се поврзани со коронавирус, како резултат на мерките за карантин, наведува британскиот научник во документ на 188 страници.

Тие се надеваат дека премиерот Борис Џонсон ќе се откаже од новите ограничувања што се воведуваат со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Документот, презентиран на научното советодавно тело за вонредни состојби на Владата на Велика Британија, открива дека 16.000 луѓе починале во текот на март и април, поради хаосот што настанал во болниците и центрите за згрижување.

Се предвидува дека следната година ќе има нови 26.000 смртни случаи доколку граѓаните се држат настрана од болницата.

Дополнителни 32.000 луѓе би можеле да умрат во следните 5 години поради откажани операции, пропуштени дијагностицирани карциноми и последиците од здравствената рецесија.

Од друга страна, мерките против короната кои беа воведени во Британија во март имаа свои добри страни, смета документот. Ако ништо не беше сторено, бројот на починати ќе беше 400 000, а тој број ќе се искачеше на еден милион ако паднеше здравствениот систем.

Исто така, д-р Ли, во Дејли меил предупреди дека ризикуваме „лекот за болеста да биде полош од самата болест“. Иако Владата имаше увид во овој документ уште во јули, јавноста се прашува зошто тој само што беше обелоденет и зошто никој од владините претставници не реагираше и не обезбеди дополнителни информации.

Голем е бројот на луѓе кои би можеле да ги загубат своите животи од други болести. Кога започна пандемијата, многу хронични пациенти, како и други граѓани, строго се придржуваа до наредбата да не ги напуштаат своите домови непотребно, што доведе до нив да останат без соодветна грижа. Иако постоеше страв дека болниците ќе бидат пренатрупани поради короната и дека системот ќе пропадне, тоа всушност никогаш не се случи.

Карантинот го зголеми бројот на луѓе кои починале во своите домови од срцеви или мозочни удари, според едно истражување. Се проценува дека имало 2.085 такви смртни случаи.

Бројот на смртни случаи како резултат на срцеви заболувања се зголеми за една третина од март до јуни во Англија и Велс, а бројот на смртни случаи во домови за стари лица исто така се зголеми за една третина бидејќи пациентите не можеа да добијат соодветна грижа бидејќи вниманието беше насочено кон коронавирусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Се предвидува дека негативните економски ефектите, како за вработените, така и за сопствениците на фирмите би може да се почувствуваат в година.

Поради пандемијата во Романија речиси половина милион луѓе би можеле да останат без работа

Економските мерки поради новиот коронавирус би можеле да значат дека повеќе од 500.000...

Јавната регулаторна агенција Анвиса објави дека младиот човек (28) починал поради компликации од коронавирус.

БРИТАНСКАТА ВАКЦИНА Е СМРТОНОСНА: Волонтер (28) кој учествуваше во тестирањето на вакцината за корона почина

Волонтер од Бразил, кој учествуваше на Оксфорд тестот за вакцина за коронавирус, почина. Јавната...

Научниците предупредуваат дека населените места и големите туристички атракции се во голема опасност.

СЕ РУШАТ ПЛАНИНИТЕ НА АЛЈАСКА: Ќе предизвика цунами и тоа не е најлошото што може да и се случи на планетата

Новите истражувања покажуваат дека планините на Алјаска полека се рушат, бидејќи мразот...