Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2020 17:27

Карантин за Скопје, Тетово, Штип и Куманово од утре 21 до понеделник до 05 часот?

Фото/Текст извор: ©фокус.мк

Предлогот на Комисијата за заразни болести е да се воведе карантин за престојниот викенд за цело Скопје, Штип, Куманово и Тетово од утре во 21 до понеделник до 05 часот, дознава Фокус.

Според неофицијални информации до кои дојде Фокус, за другите градови ќе има полициски час од 16 до 05 часот.

Викендов е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна.

Министерот за здравство Венко Филипче пред некој ден најави дека го имаат предвид празникот и одлука за тоа дали ќе се воведат поригорозни мерки во зависност од тоа како луѓето ќе се однесуваат.

– Сите опции се во игра – рече тогаш Филипче за Задушница.

Со оглед на тоа што бројките на заразени достигнаа оклу 100 на дневно ниво и на починати од 2 до 7, Комисијата за заразни болести на вонредниот состанок денес донесе таква одлука, за која последен збор ќе имаат на владина седница.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 492, бројката на оздравени пациенти е 1 605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според него, СДСМ скоро никогаш не победувале на избори, но кога ќе ја презеле власта, рече тој, прават национални предавства.

Мицкоски за Сител: Ако случајно дојде СДСМ на власт, тогаш ќе се случи федерализација, а втор чекор целосно уништување

Генерално би издвоил три дела од програмата, ние нудиме 1000 решенија за 1000 проблеми,...

Во нашата кампања промовиравме одлична идеја и голем сон. Сонот за еднаквост, сонот за прв премиер Албанец Македонија, порача Зибери од пред Собранието на Македонија.

ЗИБЕРИ: Наскоро ќе биде избран првиот премиер Албанец.

Денес автобусот „Оствари го сонот“ пристигна и на следната станица, пред Собранието....

Сликата сегде е тажна, мачна, луѓето не се задоволни од секојдневието, не се задоволни од оваа политичка пандемија наречена СДСМ и Заев која трае веќе три години. Но, народот се исправа и сака промени, сака обнова. На 15 јули доаѓа обновата во Македонија, потенцираше Мицкоски!

Мицкоски: Раководство на СДСМ ја донесе Македонија на дното и ја претвори во хибриден режим

Огромна победа е во најава, луѓето се обединуваат околу обновата, луѓето се решени,...

За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануват сите облици на изборно медиумско претставување на учесниците во изборната кампања.

Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк, ќе трае до 21 часот на 15 јули

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите...