Македонија
Вести
Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за ТВ Стар од Штип вели дека не е само Денко Малески кој тврдидека Македонците се Бугари, туку и многу други во времето на Заев, го делеле тој став , а воедно и дека Гоце Делчев и целата дејност на ВМРО, биле бугарски.
Во интервјуто за штипската телевозија Карачанов тврди дека всушност еден од тие личности кои го делеле ставот дека пред 1944 година Македонците биле Бугари е новинарот Бранко Тричковски, кој последниов период во македонската јавност стана познат по неговите јавни навреди кон македонскиот народ.
„Не кажува само Денко Малески точни работи дека историјата меѓу Македонија и Бугарија е заедничка, дека Македонците до 1944 биле Бугари, т.е. имаме заедничко потекло, ист корен, дека Гоце Делчев и целата дејност на ВМРО била бугарска организација, бугарска дејност…Не е само Денко Малески. Има и ваши колеги новинари како Бранко Тричковски за кого никој не може да каже дека е симпатизер на Бугарија, напротив. Но и тој пишува многу добри коментари. И многу други во времето на Заев“ потенцираше Каракачанов.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.