Болна е веќе две недели, а во Италија поминала со обично лекување. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 21:04

Караџовски: Едно позитивно лице не е ризик за населението,нема простор за паника

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска и официјално е потврден првиот случај на заболен од коронавирус во земјава. Пациентката има 50 години, таа е родена 1970 година од Скопје, и одреден период престојувала во Италија.

Заболената пациентка има 50 години и во моментот се наоѓа на Инфективната клиника во Скопје.

Болна е веќе две недели, а во Италија поминала со обично лекување. 

Медицинските служби се 24 часа спремни и не треба да се се шири паника. Ништо не нè изненадило. Едно позитивно лице не е ризик за останатите жители, изјави д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, откако денеска беше соопштено дека во Македонија е регистрирано првото лице заболено од коронавирус. Тој рече дека државата нема да забрани трансфер и транспорт на лица.

Министерот за здравство Венко Филипче, рече дека немапростор за паника. Тој посочи дека Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста.

-Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Епидемилошките анализи укажуваа на тоа дека таа еден месец била во Италија во посета на роднини. Веќе две недели е болна и иницијално се тестирала во здравствената установа во Италија и непосредно по влегувањето на нашата земја директно се упатила на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста, рече Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во видеото кое го направил Македонецот од Беломорска Македонија Стилианос Самарџиев, се зборува за Македонската голгота

БЕЛОМОРСКА МАКЕДОНИЈА: Секоја вечер полицајците ни доаѓаа под пенџере

Песните кои никогаш не постоеле го насловил филмот македонецот од беломорска Макеодонија...

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, со два контролни негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. На клиниката починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19.

Од денес 24 часовен карантин за време на викендите во Куманово!

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Ова е само почеток вели Белески, и ги повикува сите добри луѓе да донираат колку што им дозволуваат нивните можности

ВРЕМЕ ЗА СОЛИДАРНОСТ: Белески ги повикува сите кои се во можност да донираат за медицинскиот пероснал!

Со помош на одделни членови на црквата од Триенген во Швајцарија како и спортското...