Треба сите Комисии да ги сменат? Во Македонија има голем број на заразени. Зошто?

Објавил: Рејхан Бајрами | 31 октомври, 2020 10:23

Караџовски за нападите од ВМРО-ДПМНЕ: Тој што сака да помогне нека не филозофира, нека дојде на Инфективна

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски во вечерашното гостување во емисијата 360 степени прашан да ги искоментира нападите и барањето за оставка од страна на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека е скандал да се коментира дека тој е виновен за ширењето на вирусот.

Денеска кога излегов од дома се зареков дека нема за зборувам како што ме имате слушнато да зборувам.
 
Во Комисијата имаме 17 луѓе, елитни лица од својата бранша. Да не одговорам на партијата, скандалот е уште поголем кога дел од тие луѓе коментираат доктор Караџовски е крив за ширењето на вирусот.
Кој е крив во Германија? Меркел? Во Америка Трамп?
Треба сите Комисии да ги сменат? Во Македонија има голем број на заразени. Зошто?
Затоа што голем дел од мерките граѓаните не ги почитуваат. Не е крив Караџовски.
 
Тој што сака да помогне нека не филозофира, нека дојде на Инфективна да помогне, ќе му дадам скафандер, ако не знае друго, нека изнесува медицински отпад.
Ние не сме виделе фамилија, не сме виделе одмор, рече Караџовски.
Човек што ора во трактор, во комбањ и се наоѓа на нива која што има 150-200-300 метра околу него и сам ора и става маска. Па немојте да ја вулгаризираме работата. Не може тој во комбањ или трактор да носи маска“, објаснуваше Караџовски.
Задолжителното носење на маска на отворено, Караџовски го „правда“ дека на отворено се создава респираторен облак од капки при кивање, кашлање или гласно зборување. А доколку некој поминува покрај вас, тој ги вдишува тие капки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Ќе побарам до Централниот кризен штаб за прилем, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ - вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за Студио 10 на ТВ24.

(ВИДЕО)Прилеп мора да оди во карантин, алармира градоначалникот

Драматичниот пораст на заболени, хоспитализирани и починати пациенти од Ковид-19 во...

Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, потенцираше министерот!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, извести Филипче!

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни...

-Заеднички се договоривме тоа да биде болницата „Мала Богородица“ – старата болница на Систина, каде може да се сместат 100 пациенти.

ФИЛИПЧЕ: ПРИВАТНИТЕ БОЛНИЦИ ЈА ОПРЕМУВААТ БОЛНИЦАТА „МАЛА БОГОРОДИЦА“, ЛЕКУВАЊЕТО ТАМУ НА ТОВАР НА ДРЖАВАТА

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, по состанокот со сопствениците на приватните...

Изминатата недела во ЗД Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Ченто, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански беа направени 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус...