
Македонија
Вести
Сѐ додека не се внесе промената на формулацијата од 20 отсто јазикот што го зборуваат граѓаните во албански јазик, пратениците на БЕСА нема да ги гласаат уставните измени, вели во неделното интервју за РСЕ лидерот на движењето Биљал Касами.
Вели дека албанската опозиција окрупнува и ја отвора вратата за партиите кои ќе и се спротивстават на ДУИ.
За претстојните претседателски избори Касами најавува заеднички кандидат на опозицискиот фронт
На прашањето да ли е можна соработка со ВМРО-ДПМНЕ? Касами:
Видете, предизборна можам да кажам дека нема можност за каква било комбинација со македонска партија бидејќи ние веќе пробавме да одиме на такви комбинаторики и испадна дека општеството во Македонија не е спремно за такви комбинации и веќе за жал, можам да констатирам дека се враќаме на етничките гласови и партиите ќе кандидираат и ќе нели се натпреваруваат во тој етнички кампус за да се оди после во постизборни комбинаторики кој со кого ќе коалицира за владата.
Во овој контекст е и прашањето за соработката дали со ВМРО-ДПМНЕ или со друга политичка партија на Македонците, предизборно можам да кажам дека нема можност за такви комбинации.
После избори, ние како опозиција ако ги добиеме изборите кај Албанците, ако добиеме мнозинство албански гласови и пратеници, ќе седнеме да видиме кои се можни комбинаторики и кои од тие партии би ги прифатиле и нашите нели програмски определби за да бидат дел од определбите на идната влада.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.