Македонија
Вести
На Зелениот пазар во Тетово ќе ве пречека голем билборд на кој е испишан вкупниот долг на Општината. Овој потег го најави градoначалникот Биљал Касами, ветувајќи транспарентност за граѓаните, пишува Телма.
Граѓаните сметаат дека треба да знаат каде биле потрошени нивните пари и бараат одговорност.
Новата локална самоуправа ќе спроведува ред и на Зелениот пазар. Уште три дена им даде на дивите продавачи да ја отстранат својата стока од јавните површини, во спротивно ќе се соочат со законот и ако сакаат да продаваат тоа треба да го направат на изнајмена тезга во пазарот.
Продавачите се согласуваат со одлуката, но бараат подобри услови и решение за земјоделците коишто доаѓаат сао на пазарен ден.
Од понеделник инспекцијата и полицијата ќе вршат постојани контроли. Ваквата акција на Локалната самоуправа доаѓа како резултат на блокирањето на тротоарите, кои го попречуваат слободното движење на граѓаните и поради нелојалната конкуренција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.