На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, oд движењето Самоопределување.

Објавил: admin@magazin | 19 април, 2019 7:43

Касами: Режимот на Заев ќе биде соборен со гласот на Албанците

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерите на Алијансата на Албанците и Беса, Зијадин Села и Билал Касами вечерва на митингот на претседателскиот кандидат Блерим Река во Тетово побараа Албанците да гласаат за единствениот Албанец во оваа трка.

Гласот за Река е почит за сите Албанци кои биле во затвор за рамноправност и достоинство на народот. Да покажете на 21 април револт против неостварените ветувања за правда. Тоа ќе биде порака дека Албанците се тука и ќе останат, рече Села.

Касами порача дека на овие претседателски избори треба да се делегитира власта.

Да не заборави Заев дека режимот на Груевски беше соборен со гласот на Албанците. Можам да кажам дека и режимот на Заев и неговите соработници Албанци ќе биде соборен исто со гласот на Албанците, со гласот за Блерим Река, истакна Касами.

За Република во која владее правото, а не поединецот – ова е една од клучните пораки која кандидатот за Претседател Блерим Река ја испрати до граѓаните на централниот митинг во Тетово, три дена пред првиот изборен круг. Порача дека гласот за него ќе ја направи државата мултиетничка и евроатланска.

Вечерва, заедно со вас го финишираме патот на победата. Вечерва, ја пишуваме новата историја – за една Република за сите, со законот над сите!“ – вака ја финишираше кампањата за претседателските избори, кандидатот поддржан од Алијансата за Албанците и од БЕСА, Блерим Река, кој својот централен митинг го одржа во Тетово.

На митингот поддршка за Блерим Река побара Албин Курти, политичар од Косово, лидер на движењето Самоопределување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Според информациите за причините за одлагање, најново е дека немало поставеа мрежа за спречување на овци да минуваат преку патот!

Стоилковски: “Планот за Живот и 600 километри автопати постои само во главите на Заевистите„

Во време кога Заев оди да отвора автопати низ соседството, потсетуваме на неговите...

За одземање на мандат на пратеник на собраниска седница потребно е да гласаат 80 пратеници, односно две треини од вкупниот број народни избраници

Павле Богоевски во среда ќе закаже комисија за мандатот на Никола Груевски

Од извори во Собранието дознаваме дека седницата за одземање на мандатот на пратеникот...

Тој посочи дека и тука како и низ целата држава граѓаните се разочарани и се свесни дека власта не ги испорачува резултатите.

Мицкоски: Функционерите на СДСМ признаа дека не ги исполнија очекувањата но не поднесуваат оставка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера вечер беше во посета на ОК на...