
Свет
Вести
Доставата на вакцината Фајзер во осум европски земји е прекината, по проблемите поврзани со транспортот, односно неможноста на превозниците да ја обезбедат потребната екстремно ниска температура на која се чува вакцината, соопштија денеска шпанските власти.
Шпанското Министерство за здравство објави дека добило порака од фабриката Фајзер во Пурс, Белгија, вакцините да пристигнат во вторник, наместо во понеделник, поради проблеми со температурата при транспортот на вакцината, објави Еуроњуз.
Осум земји, заедно со Шпанија, беа погодени од доцнењето, но не беше соопштено за кои земји станува збор.
Некои локални власти во Германија исто така објавија дека вакцините доцнат, а откако било утврдено дека има проблем со температурата при транспортот.
Фајзер се обрати до Еуроњуз со кратко соопштение во кое се наведува дека „поради помал логистички проблем, дојде до промена на бројот на вакцини што ќе бидат доставени“.
“Проблемот е решен и испораките ќе бидат извршени. Нема проблеми во производството”, беше наведено во соопштението на компанијата Фајзер!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.