На територијата на ЕУ најтешко поминаа Шпанија, Словачка и Словенија со пад на бројот на патници од 99 проценти.

Објавил: Стојче Бушин | 20 октомври, 2020 20:40

Катастрофален пад на авиосообраќајот во ЕУ и Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Пандемијата на коронавирусот целосно го запре патничкиот сообраќај во Европа во вториот квартал од оваа година.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според податоците на Евростат, бројот на патници на летовите во скоро сите земји на ЕУ се намалил во тој период за 97-98 отсто, во споредба со истиот период минатата година.

На територијата на ЕУ најтешко поминаа Шпанија, Словачка и Словенија со пад на бројот на патници од 99 проценти.

Шпанија е најпогодена земја со 61,6 милиони патници помалку во вториот квартал од оваа година отколку во истиот период лани.

Според бројките следат Германија со 59,1 милиони, Франција со 44,2 и Италија со 42,6 милиони помалку патници во авионите.

Анализата на Евростат опфати и две земји од Западниот Балкан – Северна Македонија, која држи неславен рекорд – со 2.738 патници во вториот квартал годинава за разлика од лани кога се превезени 602.715 патници, што е пад од околу 600.000, а што се толкува како пад од дури 100 отсто и Србија, каде што бројот на патници се намали за околу милион и пол, што е за 94 проценти помалку отколку во истиот период минатата година. об/аа/

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Лидерите на Г20, исто така, ќе им пружат помош кога станува збор за долговите, според нацртот на коминикето за Г20, во кое имале увид дел од медиумите.

ЛИДЕРИТЕ НА Г20 ВЕТИЈА ДЕКА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС ЌЕ БИДЕ ДОСТАПНА ЗА СИТЕ

Лидерите на Групата 20 индустриски најразвиени земји ќе се обврзат дека ќе платат за...

Ана Куријан од Банката за храна во Тексас рече дека побарувачката се зголемила со пандемијата и дека овие активности започнале во март. Како што вели, забележани се голем број нови луѓе на кои им е потребна помош.

АМЕРИКА ПРЕД КОЛАБС: Илјадници колони чекаат да добијат пакети со храна(ВИДЕО)

Американците беа запрепастени од долгите редици за храна и очигледно, слични хуманитарни...

Тие заклучија дека смртноста од корона најмногу зависи од географската положба на земјата, очекуваниот животен век, јавното здравје, економскиот статус и околината (температура).

КАРАНТИНОТ НЕ ПОМАГА ЗА КОРОНА: Истражувањата покажаа од што зависи смртноста од вирусот!

Во четвртокот беше објавена нова студија, која ги истражува сите фактори и колку тие...

Тој го замени Алжирецот Абделмалек Друкдел, кој беше убиен од француските сили на северот од Мали во јуни, објави денеска американската агенција СИТЕ, специјализирана за надзор на џихадистичките групи.

Ал Каеда има нов водач: Џaихадистите назначија водач од Алжир

Покрај назначувањето на нов водач, оваа терористичка организација објави дека погубила...