Грчкиот весник "Катимерини" со временска рамка и детална анализа, кои избори следат во Грција но и кои избори се можни, со што Договорот ќе остане еднострано рафификуван

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 септември, 2018 9:51

Катимерини: Договорот од Преспа носи само нови избори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Три можни сценарија се предвидени за периодот меѓу октомври и декември 2018, во зависност од исходот и резултатот од референдумот согласно временскиот период предвиден во Договорот од Преспа, објавува грчкиот весник “Катимерини”.

Според првото сценарио, исходот од референдумот во Македонија е позитивен и веднаш започнува процесот на уставна ревизија. Според второто, исходот повторно е позитивен, но опозицијата останува со непроменет негативен став и се распишуваат предвремени избори.

Во овој случај процесот за ревизија на Уставот ќе се финализира на крајот на јануари – почетокот на февруари 2019, пишува “Катимерини”.

Третото сценарио, според весникот е негативен исход од референдумот, “Договорот од Преспа не важи и се се враќа на почетна точка”.

Во шематскиот приказ посветен на временскиот период согласно договорот, “Катимерини” ги споменува февруари и март како можни термини кога би било гласањето во грчкиот парламент. Мај е месецот кога во Грција ќе се оджат тројни избори (локални, регионални и евро избори), а во септември следната година завршува четиригодишниот мандат на грчката Влада.

Весникот во текстот под наслов “Скопското прашање носи избори во мај”, времетраењето на грчката Влада, директно го поврзува со Договорот од Преспа, по изјавите на Панос Каменос и Алексис Ципрас за нивната соработка во коалиционата влада поради различните ставови во однос на решението меѓу Македонија и Грција.

Весникот потсетува на изјавите на двајцата коалициски партнери на одвоените прес конференции во Солун.

Доколку договорот се достави за одобрување од грчкиот Парламент во февруари или во март 2019, повлекувањето на Независни Грци ќе ја принуди СИРИЗА да продолжи како еднопартиска малцинска влада и да ја одведе земјата на избори. Секако, господинот Ципрас го спомена октомври 2019, но сепак е јасно дека продолжувањето на животот на владата за 6 месеци по гласањето на Договорот од Преспа со малциски владин состав веројатно е невозможно, анализира весникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ескалираше ситуацијата на протестот против бугарскиот предлог кој се одвива трет ден по ред пред Владата.

Граѓани кои излегоа да го изразат својот револт ја пробија заштитната ограда и со предмети фрлаат кон Влдата.

Ламбе го запали францускиот предлог: Ако мојата дијагноза е пироман, вашата е предавничка

Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе...

Владата попладнево го објави на македонски јазик предлогот на француското претседателство за надминување на спорот со Бугарија и почеток на преговорите со ЕУ.

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Верзијата на англиски јазик, пак, беше објавена во петокот (1 јули), а оттогаш започнаа...

Нека го тргнат ова, нека ги тргнат овие 4 точки. Да биде европски патот, исто како за Албанија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија кога стануваа членки. Не го тргнат ова, нека ги остават Копенхагеншките критериуми и нека ни ги остават критериумите кои се поврзани со процесот за стабилизација и асоцијација. Чуму потребата овој мал народ да се асимилира, кому му сметаме ние?

Мицкоски: Продолжуваме со протестите додека не се тргнат деловите од предлогот кои го асимилираат македонскиот народ

Имавме речиси едночасовна средба со премиерот Ковачевски. Средбата би рекол беше од...