Весникот пишува дека сосема би било логично, Макрон но и Германија да дадат зелено светло за почеток на преговори со Албанија и Македонија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 14:53

„Катимерини“: Иако Заев го стави знамето на НАТО пред Собрание, тоа нема да му донесе победа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот весник „Катимерини“, денеска објави дека тоа што поранешниот премиер на државата Зоран Заев и покрај тоа што знамето на НАТО го постави пред Собранието тоа не е гаранција дека ќе победи на изборите закажани за 12-ти април. 

Знамето на НАТО ќе биде и транспарент со кој поранешниот премиер и неговата партија ќе ја започнат својата кампања со надеж дека непосредно пред гласачката кутија, европските пријатели ќе го дадат датумот на започнување на преговорите со ЕУ – пишува „Катимерини“.

Знамето на НАТО веќе е кренато во дворот пред Собранието во Скопје, иако пристапниот протокол останува да биде ратификуван од страна на шпанскиот парламент.  Иако парламентот на Северна Македонија треба, како што се очекуваше, да биде последен што ќе го одобри, сепак Зоран Заев, во консултација со другите партии и очигледно со Брисел, го донесе на гласање на почетокот на неделава. Знамето на НАТО ќе биде и транспарент со кој поранешниот премиер и неговата партија ќе ја започнат својата кампања со надеж дека непосредно пред гласачката кутија, европските пријатели ќе го дадат датумот на започнување на преговорите со ЕУ – пишува „Катимерини“.

Весникот пишува дека сосема би било логично, Макрон но и Германија да дадат зелено светло за почеток на преговори со Албанија и Македонија.

Пораките кои доаѓаат од Париз, но и од Брисел, за Скопје се позитивни, но соседите, откако трипати изгореа со оптимизмот, сега дуваат и на јогуртот, со тоа што Заев се надева дека пред гласачите да дојдат на гласачката кутија, „подарокот“ ќе биде датумот за преговори пишува „Катимерини“.

Како што анализира грчкиот весник, ниту една од двете најголеми партии во Македонија нема да можат да формираат Влада, без албанскиот фактор.

Во политичките кулоари, Али Ахмети веќе се покажа како диригент – стои во анализата на Катимерини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан