На располагање доктор и фризер во Шутка

Објавил: Узунов Бобан | 25 септември, 2019 11:16

Катица и Боки имале на располагање доктор и фризер во Шутка

Фото/Текст извор: ©магазин

Инсајдерски“ извори од од затворот во Шутка тврдат дека во однос на правилата на однесување во ќелиите и во рамки на целосниот комплекс од казнено-поправната установа се идентични за сите, без оглед што самите услови за престој се многу подобри во популарните хашки ќелии каде што е сместен првоосомничениот од аферата „Рекет“, Бојан Јовановски, пренесува Независен.

„Адвокатот на притворените може да дојде кога сака и без надзор да има средба со својот клиент. Истото може да го направи и народниот правобранител. Вештаците или невропсихијатрите можат да дојдат само со дозвола од судија на претходна постапка. Истото важи и кога притвореникот сака да потпише полномоштво. Тоа може да го стори исклучиво со дозвола од судијата. Што се однесува до посетите на роднините – и тие одат со претходно барање и вообичаено им се дозволува средба со својот близок на секои две недели. Во затворот во Шутка имаме лекар и бербер, притворениците можат да одат на преглед, односно на потстрижување или други третмани на косата. По барање на адвокатот на притвореникот или по сугестија на докторот во затворот, можно е притвореното лице да оди на лекарски преглед или интервенција на скопските клиники“, објаснуваат нашите извори во Шутка.

Во круговите блиски до опозицијата и натаму се шири сомнеж дали Јанева воопшто е сместена во затвор или е скриена на безбедни места околу Скопје од каде што потоа се пренесува и се враќа до судот или обвинителството кога има потреба. Од затворот „Скопје“ велат дека тоа се глупости. Слични дилеми, на пример, се отвораа и околу притворот на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

Јанева е сместена во посебна ќелија и има цимерка. За неа немаше место во хашките ќелии затоа што таму е сместен Јовановски. Тие двајца како осомничени во случајот „Рекет“ не смеат да бидат заедно во ниту еден момент. Во затворот се внимава и обвинителката да не биде мета на провокации кај другите притвореници и затвореници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

И ова трае неколку години. Револтот кај родителите расте, а децата секојдневно по неколку часови поминуваат во руинирана барака.

Децата од Лисиче учат во мизерни услови, родителите револтирани: Очајната состојба во ОУ „Димитар Македонски“ е врв на негрижата на властите

Основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче наместо достоинствени...

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Героски со апел до обвинителството: Изјаснете се за случајот или јас ќе ја известам јавноста!

Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО...