Од 29 пратеници кои им припаѓаат на малцинствата, 27 гласаа за разрешување од функцијата специјалната јавна обвинителка.

Објавил: Валерија Петрова | 1 ноември, 2019 16:25

Катица Јанева бара апанажа

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На денешната седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата претседателот на Комисијата Илија Димовски информираше дека до Комисијата стигнал допис од адвокатката на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во кој што се бара да и се одреди апанажа.

Во образложението на адвокатката на Јанева до Комисијата се наведува дека нејзиното барање е врз основа на законските можности кои не забрануваат и не исклучуваат можност притворени или разрешени функционери да бараат апанажа.

Катица Јанева е една од обвинетите во случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски и Зоран Милевски.

За потсетување, Со 102 гласа „за“, пратениците во Собранието ја разрешија од функција специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Вкупно беа присутни 105 пратеници на седницата. Немаше воздржани, ниту против.

Од 29 пратеници кои им припаѓаат на малцинствата, 27 гласаа за разрешување од функцијата специјалната јавна обвинителка.

Собранието предлогот за разрешување на Катица Јанева ќе го достави до Советот на јавни обвинители.

На 5. септември, Комисијата за избори и именувања зад затворена врата едногласно и без дебата донесе заклучок да му предложи на Собранието да ја разреши Јанева. Одлуката беше донесена врз основа на извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење.

Јанева во моментов е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

По француската ратификација ќе отане уште тоа да го стори Парламентот на Шпанија, кој се уште не е конституиран, со оглед на тоа што таму на 10 ноември се одржаа избори.

Долниот дом на француското Собрание треба да го ратификува Протоколот за НАТО

Националното Собрание на Франција в четврток ќе расправа за Предлог-законот за ратификација...

Апликацијата „Мој Воздух“ завчера покажа дека најголемо присуство на ПМ 10 честички има во населбата Ново Лисиче и кај Ректорат.

АЛАРМАНТНА СИТУАЦИЈА-МАКЕДОНИЈА СЕ ГУШИ: Ова се најзагадените градови

Воздухот во нашата земја и денеска е загаден, а според мерењата на прво место се наоѓа...

Благодарение на политиките на Владата предводена од СДСМ и програмата за едно општество за сите, денес сите заедно живееме и функционираме.

АНГЕЛОВ: СДСМ го отвори патот кон иднината, благодарение на нив сите заедно живееме и функционираме

„Нема поголем патриотизам и почит кон државата од она што се направи во изминатите...