
Живот
Убавина
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, пред нејзиното гостување во емисијата ,,Правда и неправда” на 1ТВ се нашминка кај познатиот стилист Дадар.
Дадар е еден од најбараните и најпопуларни стилисти во Македонија, а вчера се пофали со фотографијата со специјалната јавна обвинителка Јанева, која дошла кај него на разубавување. Таа дошла во неговиот салон ,,Мое студио Дадар’ каде се нудат комплетни услуги и третмани за нега и разубавување.

Изгледа Дадар беше горд што и покрај Фатиме Фетаи која му е редовен клиент во неговото студио, дојде на шминкање и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
-Денес во посета на ,,Мое студио Дадар’ наша драга гостинка, Катица Јанева – напиша Билјановски.
Во 2017 година, тој кажа за соработката со специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи и сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица.
-И Зорица и Фатиме се прекрасни и оригинални на свој начин. Природата била доста дарежлива со убавина кон нив, и работата со нив одеше лесно бидејќи точно знаат што сакаат. И двете ги спремав доста време, затоа што самиот процес на шминкање е истовремено и уживање, разговор, фотографирање… Таква е мојата работа.
За Фатиме се одлучив за моќна шминка која одговара на нејзината внатрешна убавина, додека пак за Зорица, убава и јасна шминка, не многу нападна, иако и таа сака да експериментира со модата- ни изјави тогаш стилистот Дадар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.