Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.

Објавил: Валерија Петрова | 10 октомври, 2019 17:08

Катица Јанева задржана во „Жан Митрев“, се сомневаат на прединфарктна состојба

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Екс специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска.

Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност.

Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а ова е прв нејзин преглед надвор од затворот.

Претходно, одбраната на Јанева побара притворот да и биде заменет со куќен притвор, но Судот го одби ова барање.

Јанева е обвинета во аферата „Рекет“ и издржува мерка притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Пред неколку дена и на Бојан Јовановски му се слоши во судот кога за прв пат даваше исказ пред обвинителката Вилма Русковска.

Адвокатот на Сашо Дуковски изјави дека ситуацијата во судот била мошне непријатна.

„Се случи непријатна сцена, нешто што се случува последните 40-50 дена откако е во притвор. Почна да повраќа и колабираше, не беше контактибилен. Дојде брза помош и однесен е во болница. Обвинителството како и јас не сме лекари, но она што го видовме не беше воопшто пријатно. Секој човек заслужува право на живот. Јас сметам дека му треба адекватна медицинска нега, без оглед што сторил.

Не случајно е сега однесен итно во болница и не случајно до сега барем 20 пати бил на лекар“, рече Дуковски.

На прашањето дали Јовановски дал исказ, неговиот адвокат вели дека немало исказ и дека кога тој дошол Јовановски веќе повраќал во тоалетот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел рече дека не е тајна оти за време на расправата за проширување, Франција, Холандија и Данска имале резерви кон натамошните чекори на Скопје и Тирана.

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало...

На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ Али Ахмети претседателот на Алијанса за Албанците Зиадин Села, претседателот на Алтернатива Африм Гаши и претседателот на Движење Беса Билал Каса

ПЕНДАРОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ДО НАЦИЈАТА: Време е да се обединиме – претседателот закажа лидерска во недела

Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат...

Доколку биде направена таква грешка тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе настанат – што ќе има џихадисти, влијанија од Русија, Турција или Кина.

БОРИСОВ: „Би се направила историска грешка ако ЕУ ги одбие Македонија и Албанија„

Република Македонија и Албанија треба веднаш да добијат датум за преговори. Би се направила...

Инаку непосредно пред почетокот на Европскиот совет во Брисел, францускиот претседател Емануел Макрон при пристигнувањето во Советот им се обрати на новинарите и во таа пригода не кажа ништо за прашањето за проширувањето и датумот за почетокот на преговорите, кое ќе биде една од точките на Самитот, јавува дописникот на МИА.

Дописничката на МИА напиша: Македонските лидери да сфатат дека за Македонија нема место во ЕУ

Дописничката на државната МИА, внука на Борјан Јовановски, Тања Милевска апелира до...