Денеска беше одложено сведочењето на обвинителот Бурим Рустем од СЈО, за случајот „Рекет“ поради денешното рочиште за предметот „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 август, 2019 22:16

Катица Јанева повикана на распит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Специјалната јавна обвинителка во заминување, Катица Јанева во вторник на 20 ти август  е повикана на распит за случајот „Рекет“, потврдија за МИА од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Денеска беше одложено сведочењето на обвинителот Бурим Рустем од СЈО, за случајот „Рекет“ поради денешното рочиште за предметот „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението.

Распитот на Рустем ќе се одвива утре. Рустеми за МИА потврди дека исказ за „Рекет“ ќе даде утре во 12:30 часот.

Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.

За потсетување, во видео и аудио снимките кои италијанскиот весник Ла Верита ги објави јавно, беа споменати имињата на обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева. Се верува дека Јанева и Стефанова биле вмешани во случаите „Рекет“ и „Империја“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

„Прости ми“, „простено да ти е- во недела е Прочка- ова се обичаите за големиот празник

Во недела е големиот христијански празник Прочка или Велики поклади — ден...