Катица Јанева повторно во судир на интереси

Објавил: Узунов Бобан | 20 август, 2019 14:28

Катица Јанева повторно во судир на интереси, ја брани ист адвокат со обвинет во “Империја”?

Фото/Текст извор: ©магазин

Фактот што денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева влезе на распит за истрагата за „Рекет“, заедно со адвокат, го проблематизираат голем број на адвокати, кои повикувајќи се на својата пракса, велат дека досега не им било дозволено на сведоците да бидат испрашувани во присуство на бранител.

Сепак, повеќе проблематично, според адвокатката Сузана Јошевска е тоа што адвокатот на Јанева, Стеван Павлески, е бранител и на бизнисменот Цветан Панделевски, осомничен во случајот на СЈО „Империја“.

Исто така, Павлески му е бранител и на екс директорот Љупчо Ѓорѓиевски, обвинет во случајот „Траекторија“.

-Прво, проблематично е што е воопшто со адвокат, ама тоа е помалиот проблем.
Поголемиот проблем е што е со адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет кој таа го гони.
Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!, вели адвокатката Јошевска.

„Фокус“ веќе објави дека Јанева одлучи на Панделевски да му даде времен пасош, како и на бизнисменот Орце Камчев, и двајцата осомничени во „Империја“. 

Претходно Јанева беше на тапет за вработувања на блиски роднини во СЈО на обвинители. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...

Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два...

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше...