За потсетување, досега одекнаа три снимки за Рекет, каде обвинети се Бојан Јовановски познат како Боки13 и бизнисменот Зоки Кичеец. Во послендото видео се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која му вели на Камчев дека се ќе биде добро, а Боки13 го споменува и Зоран Заев.

Објавил: Валерија Петрова | 12 август, 2019 13:42

Катица Јанева се врати на работа

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева денеска се врати на работа во СЈО, информираат од Обвинителството за Фокус.

Обвинителката сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во однос на истрагата за „Рекет“, во која засега има двајца осомничени Бојан Јовановски и Зоран Милевски -Кичеец.

За потсетување, досега одекнаа три снимки за Рекет, каде обвинети се Бојан Јовановски познат како Боки13 и бизнисменот Зоки Кичеец. Во послендото видео се слуша гласот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која му вели на Камчев дека се ќе биде добро, а Боки13 го споменува и Зоран Заев.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во писмена изјава, објавена на веб-страната на СЈО, во врска со објавените разговори, повторува дека во интерес на предистрагите и истрагите што се водат во Jавното обвинителство кое го води, повеќе пати разговарала со разни лица, во обид да се издејствуваат подобри позиции во кривичните предмети, а тоа често се случувало да се одвива преку од нив назначени посредници.

-Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во Обвинителството, заедно со еден од моите помошници обвинители, посочи во изјавата Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Ти ја напиша вистината серџо, боки вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно, силен е тој, ќе го преживее и ова, тој е модерниот робин худ,

Зоки Фаци за “Рекет”: Боки 13 е модерниот Робин Худ, вработи 120 души, но никој тоа не го спомнува, као да е небитно!

Зоран Василевски, во јавноста познат како Зоки Фаци, кој е вработен во 1ТВ, напиша емотивна...

Германски Шпигел наведува дека аферата “Рекет” предизвика политички земјотрес во Македонија, при што осомничена е хероината на револуцијата, Катица Јанева.

Јанушев се огласи по објавите во „Шпигел“: Кој ќе биде следен со оградување и откажување од Зоран Заев и СДСМ?

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, по објавите на Германски Шпигел...