Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 септември, 2019 14:10

КАТИЦА ЈАНЕВА ВО ПЕТОК СЕ ВРАЌА ДОМА?

Фото/Текст извор: ©Онлине магазин

Ирена Фрчковска, адвокатка на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, денеска потврди дека барањето за укинување на мерката притвор за нејзината клиентка е доставено до Судот и дека одлуката по барањето ја очекуваат до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор.

„Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот“, изјави Фрчковска.

Здравствената состојба на поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е влошена, потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ“21“.

Јанева која се наоѓа во притвор за “Рекет“ е под постојана терапија, а претходната недела во затворот “Шутка“ каде Јанева се наоѓа речиси еден месец била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...