Македонија
Вести
Со 102 гласа ЗА и ниту еден против, по кратка расправа беше разрешена Специјаланата јавна обвинителка, Катица Јанева, која се наоѓа во притвор.
Попладнево Катица Јанева беше разрешена за несовесно, незаконско и нестручно работење.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го достави Извештајот за разрешувањето на Јанева до Советот на јавни обвинители, кој исто така треба да констатира дека Јанева е сменета.
Илија Димовски и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ му забележаа на Џафери дека требало побрзо да ја закаже седницата за разрешување, а тој им одговори дека го чекал исходот од лидерската средба за Законот за јавно обвинителство.
Таа е осомничена дека посредувала во Рекет односно дека му го олеснила статусот на осомничениот бизнисмен Јордан Камчев во случајот „Империја“ за што прибавила материјална корист. Јанева веќе 2о дена е во притвор во Шутка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.