
Македонија
Вести
Додека можам да бидам специјален јавен обвинител ќе останам до крај, не поради тоа што сакам, туку затоа што сметам дека заслужувам да бидам на чело на оваа институција, рече денеска Катица Јанева одговарајќи на новинарско прашање пред почетокот на денешниот панел „Реформски бенч-мракови. Дали имаме реформи и зошто не?
Јанева не сакаше да го коментира прашањето дали е потребна лидерска средба за да се најде решение за законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши идниот стстус на СЈО.

на Собранието на Република Македонија, без објавување на јавен оглас, го избира јавниот обвинител, со мандат од четири години со право на повторен избор.Собранието ќе го утврди кандидатот за јавен обвинител со двотретинско мнозинство, вклучувајќи и мнозинство од гласовите на пратениците кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство, и ќе го поднесе до
Советот на јавни обвинители на Република Македонија
(„Советот“).
Според Јанева, барањето на ВМРО-ДПМНЕ за нејзино разрешување од функцијата во СЈО е политичка изјава која, како што рече, „ниту држи вода, ниту е на место и нема основа“.
-Мене не може да ме сменат, затоа што во законот нема персонални решенија. Се знае што се пишува во закон, ако сме писмени во Македонија за да сфатиме дека тоа не се пишува во закон, рече Јанева.
Катица Јанева изгледа не знае дека изборот на нов мандат кој и истекува во септември оваа година исклучиво зависи од согласноста на четирите политички партии со најголем број на пратеници меќу кои е и ВМРО-ДПМНЕ, така да и држи вода и има основа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи за нов мандат.
– Ако се донесе нов закон мене не ми истекува мандатот на 15 септември, ако моето место оди на реизбор, тогаш тоа е нормална работа што е демократско право во секоја држава, нагласи Јанева и додаде дека повторно ќе конкурира да биде специјален јавен обвинител.
Ова е исто така конфузна изјава на Катица Јанева бидејќи ако се донесе нов закон за Специјалното Јавно обвинителство нејзе и престанува мандатот по сила на законот, а мандатот би и бил продолжен само додека биде реизбрана со новиот закон, а тоа исклучиво ќе зависи од согласноста на ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно предводникот на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски неодамна изјави дека Специјалното јавно обвинителство треба да биде дел од Државното јавно обвинителство, но да нема повластен статус што ќе привилигира некои обвинители, а ќе деградира други обвинители. Обвинителствата, како што се скопското Јавно обвинителство, и другите што се занимаваат со убиства, тежок криминал и други незаконити дејствија имаат обврска и потреба исто така да добијат и буџетска поддршка и ресурси за нивната работа, изјави Антонио Милошоски денеска во Министерството за правда пред почетокот на преговорите за законот за јавно обвинителство.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.