Византиски игри на власта

Објавил: Узунов Бобан | 6 септември, 2019 8:39

Катица Јанева ја активира оставката, власта ги заобиколува и законот и опозицијата ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Комисијата за прашањата на изборите и именувањата без дискусија со едногласна одлука го утврди предлогот до Собранието Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјална јавна обвинителка поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство. Но како што јавија дел од медиумите вчера попладнето Јанева доставила писмо од затворот за активирање на поднесената оставка од 15 јули.

До крајот на вчерашниот работен ден, до Советот на јавни обвинители дописот не беше пристигнат, но денеска, како што рече претседателот на Советот, Ацо Колевски, е можно да дојде и тие веднаш ќе ја разгледаат оставката и ќе одлучат како би постапиле. 


Според  одредени експерти наредбата на Катица Јанева дадена од пртивор за префрлање на предметите од СЈО во Јавното обвинителство е во координација со власта за да се заобиколат законските процедури при изборот на нов јавен обвинител а со тоа да се минираат и преговорите со опозицијата.

 

Јанева поднесе условна оставка на 15 јули, на денот кога беше уапсен Бојан Јовановски за случајот „Рекет“, а која требаше да биде активирана кога ќе се избере нов специјален обвинител.

Праќањето на писмото е откако собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата едногласно донесе одлука на Собранието да му препорача разрешување на Јанева поради несовесно, нестручно и незаконито раководење со институцијата.

Претседателот на Комисијата Илија Димовски изрази очекување дека наскоро ќе биде свикана пленарна седница, како и дека на собраниската седница одлуката ќе биде едногласна како што било случај и на седницата на комисијата.

За предлогот за разрешување на специјалната обвинителка Комисијата одлучуваше зад затворени врати.

Покрај Димовски, се огласи и претеникот од СДСМ, Мухамед Зекири, кој изрази надеж дека брзо ќе заврши истрагата и ќе почне судскиот процес во кој виновните ќе одговараат, а шпекулациите и маглата ќе биде расчистена.

Тој не жали што дал поддршка за СЈО, бидејќи како што рече, вината е индивидуална, а не колективна. Ако еден се огрешил од законот, истакна Зекири не може да и се суди на цела институција. Сепак, се согласува дека Јанева ги разочарала сите од кои добила поддршка вклучувајќи ги и граѓаните.

Покрај Јанева, за случајот „Рекет“ се осоничени и Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...

Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два...

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше...