Поранешниот директор на Телеком Жарко Луковски на Боки Тредичи му платил рекет од 400.000 евра

Објавил: Данаил Михајловски | 14 август, 2019 12:59

Катица Јанева ќарила стан на Халкидики преку парите од “Рекет“!?

Фото/Текст извор: ©магазин

Аферата “Рекет“ станува регионална тема, не само затоа што ЕУ и САД бараат нејзино темелно расчистување, туку затоа што текот на парите излегува од Македонија, а дел од кешот завршувал во Србија, Хрватска и Грција, а со тоа станува и меѓународен криминал. Затоа истрагата за Рекет е речиси невозможно да биде заташкана, иако во јавноста се создава впечаток дека владата ќе избрише некои траги од скандалот. Еден од рекетираните кои се под истрага на СЈО, е и поранешниот директор на Телеком, Жарко Луковски, кој според порталот Вечер, преговарал со Боки Тредичи да нема последици од СЈО, и за тоа платил рекет од 400.000 евра. Парите се исплатени во Србија, во две исплати, 100.000 плус 300.000 евра. Во процесот учествувал и Зоран Башановиќ, српски бизнисмен и советник на премиерот Заев. 

Порталот Вечер тврди дека има ексклузивни сознанија од српските органи кои се занимаваат со финансиски криминал, дека рекетот на Боки 13 се исплаќал и во Србија, и дека во целата постапка е вклучен и советникот на премиерот Заев, Зоран Башановиќ. После објавата на овие сознанија македонското јавно обвинбителство треба по допрен глас да се обрати до надлежните институции во Белград и да преземе активности за дополнителни детали и нивно крајно утврдување.

Имено, и во домашната јавност веќе се пишуваше дека еден од рекетираните кои се под истрага на СЈО, е и поранешниот директор на Телеком Жарко Луковски. Луковски, кој има блиски лични и бизнис релации со Сашо Мијалков, преговарал со Боки Тредичи да има повластен статус во истрагата и да нема последици од СЈО, и за тоа платил рекет од 400.000 евра. Според сознанијата на српските органи, Боки 13 дел од парите земени во кеш ги насочил во инвестиција во хотел во Макарска, во Хрватска, заедно со неговиот партнер и пријател Марко Грубнич. викан Модни Мачак. Истиот извор наведува дека од собраните пари за Рекет е купен стан, голем апартман на Халкидики, за шефицата на СЈО Катица Јанева.

Башановиќ и Марко Грубнич учествуваат и во незакоснко прибирање пари за создавање и финансирање на 1ТВ на Боки, за што постојат докази и трага и во нашите банки. Српските органи ги имаат сите овие податоци, но и други. Имено, Зоран Башановиќ, советникот на Заев, веќе отпорано имал проблем со криминал и во Србија како и во странство, и е лице од интерес на српските органи на прогон. Најверојатно затоа, според вечер, Башановиќ е и следен и прислушкуван и низ неговите разговори и средби со многу лица од Македонија, меѓу кои се Боки 13 но, и некои од врвот на политиката, постојат сознанија за серија криминлани дела извршени надвор од Србија, во Македонија, за кои српската полиција и обвинителство немаат ингеренции иако имаат сознанија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Обвинителот Рустеми знае многу за случајот со фирмата “Дрим Билдинг“ која платила рекет од 233.000 евра на Боки Тредичи

Обвинителот Рустеми може да биде еден од клучните сведоци за вмешаноста на Катица во “Рекет“

Магазин дојде до документи кои откриваат многу детали за случајот на плаќање “Рекет“...

На Кареви, членови на фамилијата на претседателот на Крушевската Република Никола Карев, не им било дозволено да положат цвеќе на Мечкин Камен во Крушево

НЕВИДЕН СКАНДАЛ ВО КРУШЕВО: На Кареви не им било дозволено да положат цвеќе!

Скандал утрово се случил на прославата во Крушево по повод чествувањето на Денот на...