
Живот
Религија
Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Традиционално во државава централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше Воскресна света литургија.
Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов им го честиташе празникот на католичките верници и ја прочита воскресната проповед.
Денеска католиците ширум светот го слават најголемиот христијански празник, Воскресение Христово (Велигден). Исус сам го оживеал своето мртво тело и на тој начин докажал дека Тој е Семожен Господ.
Најголем доказ за своето божество дал кога излегол жив од гробот и се појавил пред својата мајка, заплашените пријатели и апостолите. Распнатиот и убиен Исус, воскреснал. Исчезнала темнината на Велики Петок и заблескало утрото на воскресението. Тоа светло веќе две илјади години на сите луѓе со добра волја им го покажува патот кон среќата и спасението.
На сите верници од католичка вероисповед, Ви го честитаме големиот христијански празник – Велигден.
На најсветлиот и најголемиот христијански празник Ви посакаме мигови на радост, спокој и љубов во секој дом.
Воскресението Христово е празник на семејството и ближните и затоа ви посакуваме да го поминете во мир, здравје и хармонија.
Нека е за многу години големиот празник!
Христос воскресна!
Ви посакува МАГАЗИН
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.