Кацарска рече дека не е сеедно после 33 години докажан судски стаж да бидете повикани во Судскиот совет.

Објавил: admin@magazin | 24 септември, 2019 20:20

КАЦАРСКА: „Гордана Јанкуловска во ниту еден момент на судењата не кажа дека е бремена„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Судијката Добрила Кацарска денеска ги отфрли како неосновани сите наводи во иницијативата за нејзино разрешување поднесена од осудената во „Тенк“ Гордана Јанкулоска.

Кацарска рече дека не е сеедно после 33 години докажан судски стаж, да се биде повикан во Судскиот совет. Таа изјави дека додека траеле рочиштата за Гордана Јанкулоска, во ниеден момент не кажала дека е бремена. 

– Морам да признам дека не се чувствував баш пријатно и убедена сум дека во ниедна демократска земја за вакви наводи во вакво писмено барање за разрешување на судија не бил повикан судијата да биде сослушуван со саати и да се чувствува како на обвинителна клупа. Ова е многу лоша порака што се пушти до останатите судии. Значи пораката е внимавајте не судете како Кацарска, можете да бидете повикани во Судскиот совет и да се браните на некој начин, посочи судијката Кацарска.

– Се она што е наведено во нивното писмено барање е тотална невистина. Барем вие претставниците на медиумите следевте како течеа тие судења. Расправата, односно предметот кога се водеше првично 59/17, беше опфатена таму и Гордана Јанкуловска. Во ниеден момент не кажа дека е бремена. Оној момент кога кажа дека е бремена и се потврди нејзината бременост во нејзин интерес Судот ја раздвои постапката. 

Добрила Кацарска рече дека Гордана Јанкуловска во ниту еден момент не спомнала дека е бремена.

– Тогаш јас ги држев судењата, точно и по повеќе часови, дури и во вечерните часови. Замислете нешто да и се случеше во тој период во судница, јас не би сносила никаква одговорност за тоа, не сум прекршила никаков закон, но како човек, како жена, како мајка, целиот мој живот ќе имав грижа на совест затоа што тоа се случило во судница додека јас ја водам постапката. Среќна сум што немаше никакви последици, истата роди здраво и право бебе, рече судијката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести