Бизнисменот Орце Камчев е еден од обвинетите по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 март, 2019 1:14

Кацарска: „Камчев ми е куќен пријател, мојата ќерка работи кај него 10 години„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

На вечерашното гостување во 1ТВ, судијката Добрила Кацарска кажа и за предметот на СЈО под името „Империја“, каде што во притвор заврши и бизнисменот Орце Камчев. Кацарска зборуваше и за полицаецот што го бранеше Зијадин Села, како и за пресудата за случајот „Тенк„ во која затворски казни добија екс премиерот Груевски и поранешната премиерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Судијката Добрила Кацарска во  синоќешното гостување во 1ТВ, рече дека и покрај пријателството со Камчев кое трае со години, не можела да донесе никаква одлука во негова корист. Таа рече дека нејзиниот татко и таткото од Камчев биле другари, а додека пак нејзината ќерка веќе 10 години работела во приватната клиника „Систина„ која е во сопственост од Орце Камчев.

-Орце Камчев ми е куќен пријател. Мојот татко и неговиот татко беа другари. Мојата ќерка 10 години работи во Систина кај Орце Камчев, но јас не можам да донесам одлука во корист на Орце Камчев, иако сме пријатели со години.

Фамлијата Камчеви ги чувствувам како моја фамилија- истакна Кацарска.

-Немав ниту трошка сомнеж дека обвинетите од 27 април, се виновни рече судијката Добрила Кацарска.

Бизнисменот Орце Камчев е еден од обвинетите по истрагата на СЈО наречена „Империја“, поврзана со перење пари, злоупотреба на службата и повластување на доверители. Меѓу уапсените е и Цветан Панделески, кој е бизнис-партнер на Камчев и татко на Дејан Панделески, кој е кумашин на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Кацарска во емисијата зборуваше и за Абдуљфета Алими, полицаецот кој го бранел Зијадин Села, но на снимките се гледало дека Алими исто така сторил кривично дело. Таа рече дека навистина Алими го спасил Зијадин Села, но на снимките се гледал како тој ги дава клучевите од вратата.

Тое е кривично дело, а спасувањето на Села е после направеното кривично дело – изјави Кацарска.

За критиките за третманот на Јанкуловска, која беше бремена за време на судската постапка, судијката од сегашна перспектива вели дека и како жена и како мајка имала разбирање, но јавноста не е доволно запознаена со тоа дека кога во предметот било побарано една расправа да биде одложена за 15-тина дена, била доставена документација од матичен гинеколог, која била проверена и Кацарска мисли, со голема веројатност дека е точно, дека веќе се води постапка во ОЈО против докторот што ја издал документацијата.

Судијката ја изрече пресудата во траење од две години за поранешниот премиер Никола Груевски, кој беше обвинет во случајот „Тенк“.

Во таа судска постапка изрече ито така и шест години за поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска и шест ипол години за Ѓоко Поповски, помошник министерот за внатрешни работи. 

-Да се фаворизира еден економски оператор, да се дозволи дури и да ги кажува спецификациите во јавната набавка… дури и кога се пишувале тие карактеристики што треба да ги има возилото, се отишло до таму што и техничките грешки се содржани како во понудата, така и во тендерската документација. Исполнети се сите елементи за кривично дело и затоа е таа пресуда потврдена од Апелацискиот суд, изјави Кацарска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести