Морам да реагирам на сериозно обвинување кое е тотално невистинито и бесмислено.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 октомври, 2019 10:46

Кајмаковски очаен: Се соочувам со бројни навреди, ова е безобразно извртување на вистината

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот пејач кој повторно зеде учество во шоуто „Твоето лице звучи познато“, Даниел Кајмакоски по вчерашниот скандал со обвинувањата дека тој покажувал двоглав орел среде Србија, излезе со објаснување дека тој всушност смао ги покажувал своите нокти кои биле дел од сценскиот настап.

Кајмакоски се соочува со бројни навреди откако српски весник објави фотографја за која тврди дека тој покажува двоглав орел!

-Морам да реагирам на сериозно обвинување кое е тотално невистинито и бесмислено. Се соочувам со бројни навреди и сакам да ја споделам вистината со вас. Пред втората емисија на ТВ шоуто „Твоето лице звучи познато“ во Белград, кога во шминкерницата се подготвував за женска улога, фотограф ме сликаше како ги покажувам налакираните нокти во огледало. Вчера во српски весник е објавена фотографија за која велат дека сум „ги прекрстил рацете во положба на албански двоглав орел“ и оттогаш се објавени само навредливи наслови и бројни обвинувања. Во оваа професија навикнав дека слики, изјави и ситуации може да се извадат од контекст, и не сум ни прв, ни последен чија репутација е нападната на толку грозен начин, но ова е бескрајно безобразно и претерано извртување на вистината. Безобразно е не само кон мене, туку и кон сите оние кои ќе се почувствуваат испровоцирани и навредени од оваа ситуација. Добро знам што значи тој знак и токму поради тоа никогаш не би го направил и навредил било кого. Сликата е искористена за да се направи приказна, која толку се прошири, што морав да реагирам. Единствената вистина е во овој текст. Моето покажување нокти за женска улога во ТЛЗП, нема никаква врска со тој симбол. Ме напаѓаат и обвинуваат дека сум ја навредил Србија. Никогаш не би навредил ниедна држава, а камоли Србија, во која ја започнав кариерата и во која имав толку успеси, или пак мојата земја, Македонија, вели Кајмаковски.

Тој додава дека е разочаран од овие напади кон него и дека јавноста мора да ја знае вистината, а за останатото ќе се погрижат неговите адвокати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интересно

Гостите меѓу другите ќе бидат Кристијано Роналдо, Пау Гасол, Енрике Иглесијас и тенисерот Фелисијано Лопез. На сите гости ќе им биде забрането да користат мобилни телефони, а обезбедувањето ќе спречи и употреба на дронови.

Рафаел Надал утре се ЖЕНИ!Фоторепортерите ја ополија Мајорка, местото каде ќе биде церемонијата на венчавката

Свадбените звона ќе тропнат во домот на еден од најодбрите тенисери на денешицава. Рафаел...

Како ова да не му беше доволно, Дарко покрај неговата здравствена состојба минува и низ тежок емотивен период. Неговата поранешна сопругаАна Савиќ не и дозволува на нивната ќерка да го гледа својот татко.

Дарко Лазиќ повторно во инвалидска количка, но ова не е се – пејачот минува низ друг пекол

Дарко Лазиќ помина низ пекол по сообраќајната несреќа. Тој по тешкиот период се опорави...