Денеска (9.6.2019) на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 јуни, 2019 18:43

Кај Зелениково уапсен убиецот кој изрешета момче во Чаир!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што информираше МВР, денеска полицијата го уапсила О.А.(29) од Скопје, осомничен дека со „калашников“ уби момче, пред две години во населбата Чаир.

Ова тешко убиство се случи околу 17.40 часот на автобуската станица кај училиштето „Цветан Димов“. во 2017 година.

Убиецот се наоѓал во автомобил „југо“ и од движење со автоматска пушка го застрелал  несреќното момче со десетина куршуми. О.А се бараше од страна на полицијата, за извршено тешко кривично дело „убиство“ извршено пред две години.

Денеска (9.6.2019) на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“ извршено на 20.12.2017 година. Тогаш на улицата Џон Кенеди пред угостителски објект беше убиен Бурим Идризи(24) од Скопје, велат од МВР.

Србија е лидер во убиства во регионот во минатата 2018 година – објави српската телевизија Н1, а според анализите на телевизијата, на второ место е Македонија со 15.
Според новинарката Јелена Зориќ која ја направи анализата, податоците се базираат на информации од медиумите, бидејќи македонската полиција не им дала официјални податоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието ја донесоа одлуката за новата функција на Рамчиловиќ.

Две куќи, кредит, пушка и пиштол – каков имот пријавил новиот потпретседател на Собранието, Рамчиловиќ

Пратениците вчера довербата му ја дадоа на Зекир Рамчиловиќ за попретседател на Собранието. Со...

Анѓушев истакна дека планира да се посвети на бизнисот и наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на влада што креира политики.

Анѓушев: Се договорив со Владата само за еден мандат

Во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ, Вицепремиерот...

На почетокот на месецот ја напушти пратеничката група а на новата функција доаѓа по препорака на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ.

ДВЕ ЌУКИ, КРЕДИТ, ПУШКА И ПИШТОЛ: Ова е имотот на потпретседателот на Собранието Рамчиловиќ

По жестока расправа Зеќир Рамчиловиќ беше меѓу „избрканите“ од ВМРО ДПМНЕ и стана...