Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 мај, 2021 21:05

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Фото/Текст извор: ©гол.мк

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации во својата историја и на почетокот на следната година одново ќе игра на еден голем ракометен собир.

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

„Уште на загревањето можеше да се почувствува дека Швајцарија дојде во Скопје за да нè победи. Имаше голема желба за тоа, но бевме максимално подготвени да одговориме. Ние ја градиме нашата игра за следното ЕП. Не сакаме да „попуштиме“ никому, сакаме да играме квалитетно, а токму тоа се случи денес“, рече членот на Хановер.

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28)

Покрај Македонија, од групата 7 пласман на Европското првенство обезбеди и светскиот шампион Данска, со идентичен број на бодови како нашата селекција.

Филип Миркуловски повторно одигра солидна партија во дресот на Македонија и кога беше најпотребно со неговите голови успеавме да го скршиме отпорот на Швајцарија и да ја извојуваме посакуваната победа за крај на квалификациите за ЕП.

Искусниот среден бек не го криеше задоволството од денешните бодови и напомена дека направен е голем успех, затоа што квалификациите се завршени со ист број бодови како и гигантот Данска.

„Направивме голем успех – имаме ист број на бодови со една Данска. Иако победата над Швајцарија не ни беше потребна за пласман на ЕП, сакавме да го постигнеме овој успех и добро е што успеавме во тоа. Рубин и Шмид постигнаа многу голови, но имаа и многу промашувања, а ние со една трпелива и квалитетна игра дојдовме до оваа победа. Имам уште многу простор за напредок, нè чека многу работа до ЕП. Мислам дека влеговме во еден систем во кој сите играчи разбираат како треба да играме“, вели Миркуловски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...